Добредојдовте на специјалната страница на КриТинк за пандемијата на новиот корона-вирус (SARS-CoV-2 или novel corona virus, 2019-nCov) кој ја предизвикува болеста Ковид-19 (COVID-19).
Намена на оваа страница е да посочи кон изворите на проверени информации од јавен интерес и да ги документира различните видови дезинформации како форма на едукација за граѓаните кои преку информираност ќе може да станат поотпорни на манипулации и паника. (Збирката секојдневно се ажурира со нови примери.)
Официјални извори – специјални страници со најнови информации, препораки, чести прашања и одговори од здравствените власти:
- Министерството за здравство на РСМ: Корона-вирус – информации и препораки;
- Профили на Твитер: @ZdravstvoMK и @VFilipche
- Влада на РСМ: Мерки и препораки за заштита и превенција од коронавирус КОВИД-19
- Профил на Твитер: @VladaMK
- Светска здравствена организација (СЗО): Coronavirus disease (COVID-19) outbreak
- Профил на Твитер: @WHO
Вести
- Секција со најнови вести за корона-вирусот на новинската агенција Мета.мк.
- Анти-дезинфoрмациски профили @kritink_mk, @vistinomer, @meta_agency
Законски рамки и новинарски стандарди
- За ширење лажни вести за „Ковид 19“ може да се заврши и во затвор
- Советот за етика во медиумите повикува за одговорно известување
- ЗНМ и СЕММ со препораки за заштита на медиумските работници
- Како да се известува одговорно за корона-вирусот – совети за новинари
- Корона вирусот, граѓаните и моралната одговорност за спречување на „инфодемијата“- паниката
- Епидемијата со корона-вирусот во паралела со смислени лажни вести
Демаскирани дезинформации поврзани со природата на болеста, превенција или лекување
- УНИЦЕФ предупредува дека во нивно име се шират низа дезинформации за корона-вирусот
- Корона-вирусот не чека 4 дена во грлото да го истерате со гаргара од солена вода или оцет
- Ниту лековити билки, ниту сребрена вода не го уништуваат вирусот
- Вирусот не умира на 27°C и не се отстранува со „измивање“ со вода и чаеви
- Лага е дека од вирусот заштитуваат вода за гаргара, антибиотици, лук…
- Корона-вирусот не е „безопасна“ „настинка“ како што тврдат антиваксери
- Не, корона-вирусот не се лечи со алкохол!
- Корона-вирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“
- Витаминот Ц и прополисот не се лек за корона-вирусот
- Пиење топла вода и сончање не го убиваат вирусот
- Дезинформации за коронавирусот
Политички манипулации во Република Северна Македонија
- Eпидемијата со корона-вирусот во паралела со смислени лажни вести
- Контраспин: Не треба се прави изборна кампања врз корона-вирусот!
- Контраспин: Вонредната состојба може да се злоупотреби, ама тврдењето дека за тоа е прогласена е спин
- „Подадената рака“ на ВМРО-ДПМНЕ за справување со корона вирусот е спин со популистички шмек
- Контраспин: Освен од Филипче, ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка и од италијанскиот премиер Конте
Ширење паника и омраза на национална или етничка основа
- Граѓаните нема да останат без леб, залихи на брашно и пченица има
- Неодговорно ширење дезинформации на Фејсбук
- Навредите не се лек против коронавирусот
Ситуацијата во Дебар
Обиди за експлоатирање на скандалот со докторка-директорка на скопската клиника за дерматологија што се вратила заразена од пат во Италија.
- Не – СДСМ не е во карантин, а ширењето дезинформации за корона-вирусот е кривично дело
- Директорката не била на свадба кај генералниот секретар на СДСМ
- Злонамерно претставување на докторката како „миленичка“ на министерот за здравство
- Неумесни шеги против министерот за здравство, спротивни на новинарските стандарди
- Демантирани клевети за професори од средното медицинско училиште во Битола
- Контраспин: Користење на епидемија за политички поени пред избори е неетички
Дискредитирање на индивидуални личности
- Тенденциозна објава за дискредитација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов
- Лажна вест е дека Елена Лука е пациентката заболена од коронавирус
- Погрешен превод ја смести Ле Пен меѓу жртвите од коронавирусот
Научно-непотврдени тврдења кои злоупотребуваат религија, верски уверувања или суеверија
- Верските заедници и коронавирусот: Дали црквите и џамиите времено ќе ги затворат портите?
- Сензационалистичка и неодговорна објава дека Нострадамус го предвидел корона-вирусот!
- Руски верски текстови за наводни пророштва сеат паника за новиот корона-вирус
- Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона-вирусот од социјалните мрежи
Теории на заговор – непотврдливи приказни чиј краен ефект е намалување на довербата во институциите на системот и основните вредности на современото општество
- Теории на заговор за корона-вирусот како биолошко оружје
- Теории на заговор за Кина како жртва на фармацевтската индустрија преку контактни емисии на ТВ
- Дезинформации во Грција за средство за дезинфекција однапред подготвено за корона-вирусот
- Ширењето сомнителни тези за корона-вирусот е крајно неодговорно
- Манипулација со верски чувства за ширење теории на заговор за коронавирусот
- Анонимно видео ја дезинформира јавноста дека здравствениот систем е во распад
- УНИЦЕФ предупредува дека во нивно име се шират дезинформации за корона-вирусот
Мамки за кликови (click bait) – привлекување посети и лајкови преку сензационализам и често лажно претставување настани од странство како да се тукашни за да се предизвика негативни чувства на згрозување или морален бес кон групи луѓе или инстуции, поттикнувајќи недоверба во системот.
- Скопскиот аеродром не беше затворен на 14 март
- Јавноста е доволно вознемирена за коронавирусот – не ѝ требаат снимки од ковчези
- Фотографијата со лицето што дезинфицира автобус е направена во Полска, а не во ЈСП Скопје
- Чичкото што продава медицински маски е фотографиран во Романија, не во автобус на ЈСП Скопје
- Македонија нема само осум респираторни машини (РЕАКЦИЈА!)
- Нема породена бремена жена со коронавирус во Македонија
- Ханта вирусот не е нов, постои од 1950 година
- Коронавирусот во затворите? Институциите со демант, медиумот не го објави!
- Министерот Филипче не го консултира правникот Тодоров, туку епидемиологот Даниловски
- Не треба да ги затвораме вратите и прозорците после 23:30 часот
- Избегнувајте непроверени информации за болеста Covid-19 и за корона вирусот
- Јавноста е доволно вознемирена за коронавирусот – не ѝ требаат снимки од ковчези
- Во несреќно избран наслов се жали што во Владата нема заразени со коронавирус!
- Филипче не генерализираше дека пациентите заболени од коронавирус се со лесна слика
- Граѓаните заслужуваат точна информација, а не манипулација за тестовите за корона
- Не починало ниту едно двегодишно дете во С. Македонија од „Ковид 19“
- Вонредно слетување на скопскиот аеродром имало, ама не било мистериозно
Дезинформации за и од балканскиот регион
- Дезинформациите за Ковид-19 се шират побрзо од самиот вирус
- Марија Вучиќ: Србија е преплавена со дезинформации за корона вирусот, лукот, бруфенот, вотката…
- Српски портал шири лажни вести за американска вежба „Европа Дефендер 20“ е откажана поради коронавирусот
- Не е вистина дека сомнителни примероци за корона-вирус од Косово се испратени во Тирана
- Tеории од пензиониран епидемиолог се шират во српски и босански медиуми
- Дезинформациите за мигрантите во регионот наспроти оние за коронавирусот
- Дезинформации за болни свештеници во Црна Гора и за хируршки маски во Грција
- Епидемија на дезинформации за корона-вирусот во Србија и во Грција
- Кликбејт: Босански портали лажеа дека вирусот е во регионот, а „носителот“ остана во Индија
Дезинформации и пропаганда на глобално ниво
- ЕУ предупредува на наплив на дезинформации за Ковид-19 „испорачани“ од Русија
- Руско-српски дезинформации за „руски спасители со лек за корона-вирусот“
- Дали Северна Кореја навистина егзекутира пациент со корона-вирус?
- Ширење паника од несигурни извори за наводно криење на бројот на заболени во Кина
- Кинезите не изградија болница за неколку дена, туку адаптираа постоен објект
- Снимките наречени „Пазарот на ужасот“ се од Индонезија, а не од кинескиот град Вухан
- Како инјекцијата за имунитет се претвори во тест-вакцина за коронавирус
- Момче кое починало во 2017 година, „воскресна“ како најмлада жртва на коронавирус во Британија
- Италијанците им се лутат на Европејците, ама не го заменуваат ЕУ-знамето со кинеско
- Лажна е веста дека американски професор е уапсен бидејќи го создал коронавирусот, па ѝ го продал на Кинa
Едукативни написи
- Една „вакцина“ за инфодемијата со три основни прашања
- Маска-дипломатијата на Кина како глобална ПР-стратегија
- Корона вирусот и невистините за лекот што кружат на социјалните медиуми
- Вагонот од возот не носи „Ковид 19“
- Корона-вирусот, граѓаните и моралната одговорност за спречување на „инфодемија“- паниката
- Како да се известува одговорно за корона-вирусот
Анализи
- Ковид 19 ќе помине, но последиците од стигмата и жигосувањето на болните ќе останат
- Кога на смртта непотребно ѝ се гледа „во забите“
- Заштитните маски и Ковид-19: Не се неопходни, ама без нив не се може
- Подобро „дезинфекција“ отколку дезинформација!
- Како инјекцијата за имунитет се претвори во тест-вакцина за коронавирус
- „Корона кризата“ ги соголува политичките профитерства
- АНАЛИЗА:Инспекцијата на терен, лови „профитери“-прехранбената индустрија со „полна пареа“
- Во првата линија на фронтот против „Ковид 19“ државата има на располагање над 50 илјади лица
- АНАЛИЗА: Коронавирус: Препораки до граѓаните од банките, инститциите, комуналните претпријатија