Како да се известува одговорно за корона-вирусот

Корона-вирусот веќе е најголемиот актуелен настан од светски интерес за медиумите. Како што ги вознемири здравствениот свет, владите, економиите и луѓето поради брзото ширење и последиците, оваа пандемија го стави на тест и професионализмот на медиумите

 

Пишува: Фатлуме Дервиши

Правилата за професионализам во известувањето се исти како и за сите други објавени информации, но начинот како се спроведуваат треба да се приспособи, во голема мера почитувајќи одредени етички принципи.

Еве неколку упатства:

  • Намалување на употребата на субјективни придавки при известувањето; на пример, избегнување на употребата на терминот „смртоносен вирус”, „ужасен вирус” или слично

  • Избегнување детален опис на стравот и паниката што се рашири во јавноста, ова може да го поттикне нивното зголемување

  •  Да Се направи Правилен избор на фотографии за да се избегне ширење погрешна порака

  •  Внимавајте со фотографиите на заболените или на жртвите

  •  Појаснувањето на мерките на претпазливост ја прави сторијата помалку застрашувачка

  • Статистичките стории се помалку застрашувачки од приказните

  • избегнувајте бомбастични наслови и користете креативност во презентацијата

  • да не се идентификуваат заразените и да не се  линчуваат јавно само затоа што се заразени

  • Новинарите постојано треба да потсетуваат дека за повеќето луѓе, вирусот нема фатални последици

  • Континуирано да препорачуваат спроведување на мерките на претпазливост предложени од експерти

 

Медиумите да се потпираат само на официјални извори

Сега, повеќето луѓе сфатија дека ова е сериозно прашање, така што е доволно новинарите да се придржуваат кон фактите. Покрај овие принципи што се однесуваат на новинарите и медиумите, на читателите понекогаш им е тешко да прават разлика помеѓу професионални и сензационални информации. Затоа, главната препорака за читателите е да изберат професионални медиуми, официјални и веродостојни извори.

Во нашата земја, одговорна институција што континуирано ја следи и се справува со состојбата е Министерството за здравство. На веб-страницата на оваа институција постојано се објавуваат најновите податоци од проверките на заразените лица, тестирањето на лицата со сомнителни симптоми и за состојбата на изолирани лица. Оваа институција е главен извор на информации и за медиумите во земјата. Сè што не е потврдено од Министерството, не вреди да се земе како веродостојна информација.

Информациите во реално време се објавуваат и на официјалната страница на министерот за здравство, Венко Филипче на „Фејсбук“ или на страницата на министерството на „Твитер“.

Светската здравствена организација оваа болест ја прогласи за пандемија (широко распространета болест во земји секаде во светот). Бидејќи е глобална загриженост, главен извор на информации за последиците од болеста и нејзините превентивни мерки е токму СЗО. На нивната веб-страница, граѓаните секогаш можат да добијат информации за вирусот, неговата превенција или нејзините последици во светот. Организацијата постојано ја ажурира мапата на најпогодените земји, рангирајќи го бројот на жртвите, превентивните мерки, резултатите од новите студии за вирусот Covid-19 и предлозите од светски експерти специјализирани за вирусот.

Медимуте треба да бидат внимателни кога користат мислења од медицински експерти во РСМ, затоа што станува збор за нов вирус за кој сè уште се водат испитувања во светот. Затоа, мислењата на експерти или доктори треба да бидат внимателно користени од медиумите, при што мислењата на епидемиолозите и инфектолозите се примарни, како избор.

Лажните вести се најопасни

Во изминатите неколку дена имало многу случаи на лажни вести за вирусот. Ова може да предизвика неоснован страв кај читателите.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните корисници  на социјалните медиуми да не шират непотврдени или лажни вести за вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника кај граѓаните… Ваквите злоупотреби ќе бидат санкционирани со закон затоа што на овој начин граѓаните се загрижуваат и се сОЗДАВА непотребна паника… Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се потпираат само на официјално објавените информации од надлежните институции – стои во повикот на Министерството за внатрешни работи.

Новинарите не можат да го покријат настанот во самоизолација. За нив е неизбежно да излезат на теренот и да ја видат ситуацијата. Ова исто така е ризик за контакт со вирусот и за инфекција. Комитетот за заштита на новинарите објави водич за новинари што ги покриваат настаните поврзани со вирусот.

Главната насока за овие новинари е да користат заштитни ракавици при посета на места со медицинска опрема за лекување на болеста. Во покомплицирани случаи, треба да се користи друга заштитна опрема, како специјален костум за тело и маска за лице.

Недостигот од информации го прави настанот пострашен и делумните, неточни, непотврдени или лажни информации може дополнително да го зголемат стравот кај луѓето. Тоа не е намерата на институциите, а уште помалку на медиумите во оваа ситуација. Стравот и паниката во јавноста не му служат никому.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.