Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ (анг. Critical Thinking for Mediawise Citizens – CriThink) го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“ во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2020 година со поддршка од Европската Унија.
Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности. Специфичните цели на проектот се:
- Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
- Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
- Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.
Предвидени проектни активности
- А1: Креирање образовни содржини и алатки (онлајн ресурсен центар, едукативна апликација, прирачник за неформално образование за медиумска писменост)
- А2: Градење на капацитети на граѓански организации и на граѓаните преку јавно неформално образование (шема за мали грантови за коалиции помеѓу локални: граѓански организации, медиуми и институции – 2 х 8 гранта по 5-7.000 евра)
- А3: Активности за видливост (јавни настани за медиуми, онлајн промоција)
- A4: Истражувања базирани на докази како основа за креирање јавни политики и препораки за идни реформи во оваа сфера
- А5: Застапување со цел медиумската писменост да стане дел од главните текови во формалното образование (јавни настани и лобирање)