Поттикнувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите
Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на интернет и „бомбардирани“ со мноштво информации. Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што многу...
Објавена е Анализа на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија
Зошто огромен број граѓани, но и новинари, политичари, професори и други јавни личности, потпаднаа под влијание на дезинформации за ковид-19 до тој степен што и самите земаа активна улога во нивно ширење, приспособување и...
Фалсификувано соопштение од Општина Карпош објавено како вистинско
Соопштение на кое, наводно, е потпишан градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев е објавено во медиум како да е вистинско и автентично, иако всушност станува збор за фалсификат. Градоначалникот Богоев демантираше дека ова соопштение е произлезено од Општината
Медиумите не смеат да бидат дел од црната кампања
До локалните избори на кои ќе бираме градоначалници и совети на општините нè дели цело лето, кое освен што е најавено дека ќе биде долго и топло, ќе биде жешко и на политичката сцена. Официјалната кампања формално не е започната. Таа според Изборниот законик ќе стартува 20 дена пред одржувањето на изборите кои ќе се одржат во втората половина на октомври. Но, неофицијалната веќе киниса
Лажна фотографија злоупотребена за скриена реклама за заработка со биткоини
Текстот што го рецензираме е манипулација. Ваквиот пи-ар може да биде катастрофален по вашиот џеб, особено ако се идентификувате со лажниот обичен мајстор од Македонија, кој сега наводно заработува над 500 евра дневно. Искористени се фотографии од личност од Русија кои се претставени како да се од момче од Македонија. Претставен е само поволниот аспект од тргувањето со криптовалути, а не и ризиците кои се многубројни и на кои предупредува Народната Банка. Шемата за брзо богатење е базирана на лажен маркетинг кој божем изигрува новинарски производ. Изворот на информации е лажно претставен и прикриени се информациите за ризиците од тргувањето со криптовалути.