[Рецензија: (Фото) XAOC ВО ДЕБAP: Блoкaди на патиштата, пoжap над градот, апoкaлиптични cцeни во Македонија]
И покрај препораките на сите институции и државни органи – а и здраворазумските гласови во јавноста – текстот неосновано придонесува за сеењето паника и страв од корона-вирусот.
Линк до оригиналниот напис: (Фото) XAOC ВО ДЕБAP: Блokaди на патиштата, пoжap над градот, апokaлиптични cцeни во Македонија
Датум и време на објавување: 13.3.2020
Датум на рецензија: 14.3.2020
Рецензира: Стојан Синадинов
Блокада, пожар, апокалиптични сцени… Тоа се главните атрибути на овој текст што сее паника и страв по одлуката на Владата и да прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, и по одлуката на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, да ја ангажира Армијата на РСМ како помош на здравствените инстутуции во справување со заразата од вирусот КОВИД 19.
Текстот наведува дека градот е блокиран.
Од Скопје кон Дебар патот е затворен со барикади и полициски пунктови кај Мавровска брана. Другата барикада е поставена на излез према Струга. Во градот може да се влезе само со лекарска документација дека сте сосема здрав.
Секако дека влезот и излезот од градот се строго контролирани и градот може да го напуштат само граѓани со уредна документација дека им е потребна итна медицинска помош што не можат да ја добијат од локалната здравствена заштита. Но, никако не станува збор за барикади, што може да се види на фотографиите, ниту, пак, за хаотични сцени.
Овој текст е преземен и од неколку други портали, па добронамерните граѓани веќе го коментираат.
Написот со придавката „апокалиптични“ сака да ги коментира сцените на празните улици. Но, за разлика од улиците на Балканот или на Ориентот, кои се „апокалиптично“ празни во страв од коронавирусот, улиците во Западна Европа (почнувајќи од Словенија, на пример), и пред ширењето на заразата и препораките да се остане дома, вообичаено се празни во вечерните часови на работните денови од неделата. Ништо не е апокалиптично ако и нашите граѓани се придржуваат кон препораките.
Во членот 8 од Кодексот на новинарите се вели:
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми…
Написот ги крши постулатите на овој член.