Корона вирусот и невистините за лекот што кружат на социјалните медиуми

Додека целиот свет чека вакцини против корона-вирусот, луѓето со ограничување на движење или целосна изолација ја преземаат задачата да најдат лекови што би му „помогнале“ на светот во борбата против ширењето на вирусот. Тие своите објави со „лековита содржина“ ги прават вирални на социјалните мрежи. На тој начин се замаглува сериозноста на вирусот и се шират лажни надежи за лекот

 

Пишува Ајнур Бафќари

Пост што кружи по социјалните медиуми

 „Со сад со вода и свеж лук. Стариот кинески лекар ја потврди ефикасноста, многу пациенти исто така докажаа дека е ефикасен “, стои во постот.

Каде е кинескиот лекар и каде се пациентите?!


Авторот на текстот го напишал рецептот, па дури за да го направи овој пост поверодостоен, тој вметнал поднаслов „НАУКА“, притоа заборавајќи дека претходно зборувал за народен лек. Авторот на текстот е толку оптимист, што „нуди заздравување“ преку ноќ! Авторот заклучува дека на неговата идеја за „спасување на човештвото“ треба да се придружат   сите, повикувајќи овој пост да биде споделен со сите контакти.

ТЕКСТ ОД ФОТОГРАФИЈА: Земете 8 чешниња здробен лук, додајте 7 чаши вода и зовријте ги во сад. Јадете и пијте ја зовриената вода од лук. Состојбата се подобрува и се лекува од вирусот преку ноќ…
Ве молиме споделете со сите ваши контакти за да спасите што повеќе животи.

Публикациите на поединци не се релевантни!

Овој пост циркулира последните неколку дена, и ако внимателно го прочитате, иако се однесува на „лек“ на еден стар кинески лекар, неговото име не се ни споменува. Нема цитат, нема извор на информација и иако се тврди дека пациентите штп го употребувале рекле дека бил „лековит“, нема докази дека тоа е точно. Секогаш кога ќе видите сличен пост, имајте на ум дека ова не е ниту „вест“, тоа е само пост, ниту  е кажано од кој било релевантен официјален извор.

Сигурни информации може да се добијат само од Министерството за здравство, Владата и Светската здравствена организација

Истата содржина се шири на англиски јазик на социјалната мрежа WhatsApp, а за ова известуваа и медиумите во Албанија.

Пораката што кружи на WhatsApp

Во текстот под наслов „Лукот го лечи коронавирусот?!“, за пораката што кружи на WhatsApp“, албанскиот медиум за кој станува збор, вели дека дури и надлежните разјаснија дека сè уште нема лек за корона-вирусот и советува дека доколку ви дојде порака на вашиот телефон, треба да се избрише веднаш и да не се споделува со други контакти.

 

Консултирајте се со вашиот лекар!

На глобално ниво, кружат многу информации за други антивирусни лекови што им помагаат на лекарите во тешката битка против ширењето на коронавирусот. Повремено, се појавува по некој лекар, од кој било дел на светот, да препорача употреба на одреден лек, кој според нив, дава позитивни резултати во борбата против овој вирус. Дури и преку објавување на „Твитер“ се појави самиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ефективноста на препорачаните лекови (кои претходно биле користени за лекување  други болести) не е спорна, сепак е потребен пробен период пред да се потврди ефективноста кај пациентите. И запомнете, секогаш треба да се земаат по препорака на лекар!

Оставете секој да си ја заврши работата што му припаѓа!

Работата за пронаоѓање вакцина или лекови нека ја вршат надлежните лица и институции, додека ние треба да ги земаме предвид само препораките на Светската здравствена организација за спречување на ширењето на вирусот. Затоа, пред сè, останете дома, измијте ги рацете и избегнувајте физички контакт.

 Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите за епидемијата со корона-вирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.