Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ од 6990 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Дебатно против медиска неписменост“ од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка Прилеп (АГТИС).
Име на проектот | Дебатно против медиска неписменост |
Грантист | Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка Прилеп (АГТИС) |
Медиумски партнер | |
Цели на проектот | Демистификација на медиумските манипулации, едукација и развој на дискусионен процес за критичко мислење и демократски вредности преку методот Известување на заедницата. |
Целна/и група/и | Медиуми, НВОи, млади, институции на системот, лидери на мислење, политички партии, локални самоуправи, пошироко граѓанство. |
Плански регион | Пелагониски регион |
Локации | Прилеп, Кривогаштани, Долнени |
Главни активности | А.1. Внатрешни работилници со проектни стејкхолдери;
A.2. Креирање на „user friendly“ – блиски до корисникот е-содржини и печатени проектни брендови и визуализации за јавна едукација на граѓаните за медиумска писменост и медиумска манипулација; А.2.1. Креирање на веб платформа A.3. Снимање ТВ комична перформанса – со шок методологија за истражувачка сторија и нејзино пласирање во јавноста; A.4. Повик за учество на дводневна работилница; A.5. Дводневна работилница за зајакнување на капацитетите за медиумска писменост, Известување на заедницата и проверка на факти; A.6. Канцелариски брзи вести – лов на „новинарски патки“; А.7. Формирање на дебатни клубови A.7. 1. Серија од дебатни емисии за јавна едукација на граѓанството со учество на млади, експерти, претставници од ЛС и НВОи од Прилеп, Долнени и Кривогаштани. |
Буџет | 6990 евра |