Во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК со финансиска поддршка на ЕУ, во периодот од 01.10.2018 до 31.03.2019 со грант од 6.529 евра беше поддржано спроведувањето на проектот ТОЈ И тој од страна на НВО.
Име на проектот | Критичко размислување за активни граѓани |
Грантист | Здружение на граѓани Диверзити Медиа Скопје |
Медиумски партнер/и | ТВ Алсат М |
Времетраење на проектот | 01.10.2018 до 31.03.2019 |
Цели на проектот | Општа цел: Проектот има за цел да го стимулира критичкото размислување како основа за поактивен ангажман на граѓаните – носители на демократијата и општествените промени.
Краткорочни цели:
|
Целна/и група/и | Граѓани, публиката на ТВ Алсат М и млади |
Плански регион | Југозападен регион |
Локации | Југозападен регион и на национално ниво преку програмата на ТВ Алсат М |
Главни активности | А.1.In house работилница во Алсат М, како подготовка за активностите на продукцијата – видео прилозите и интервјуата. A.2. Медиумски појадок во Охрид со новинарите и медиумските работници од Охрид и Струга во функција на промоција и едукација A.3. Две работилница со по 8-12 средношколци, учесници од Струга и Охрид (во Струга) и во Кичево, со средношколци од Кичево и околината, од повеќе различни националности за говор на омраза во социјалните медиуми со експерт/претставник на надлежна институција. Со средношколците, учесници во работилницата, ќе биде изработен еден од шесте видео прилози на тема говор на омраза. А.4. Подготовка и продукција на шест (6) видео прилози на теми: критичко размислување и промените што ги носи; ефектите од дезинформациите и лажните вести; говор на омраза и како младите да ја препознаат во социјалните мрежи; центрите на моќ и манипулација со вестите; професионалното информирање како борба против јавните манипулации; улогата на институциите во подобрување на медиумската писменост А.5. Подготовка и емитување на шест ТВ интервјуа на темите од А.1., на кои ќе се работат темите. Прилозите ќе бидат повод за ТВ интервјуата, на тема покрената од видео прилогот. А.5. Јавна кампања на социјалните медиуми за критичко размислување. |
Буџет | 6.529 евра |