Сите вистини на веста

Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ, со грант од 6201 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Сите вистини на веста“ од Центар за едукација, култура и активизам Мултус.

Име на проектот Сите вистини на веста
Грантист Центар за едукација, култура и активизам Мултус
Медиумски партнер
Цели на проектот Главна општа цел е поттикнување на населението да разгледува повеќе аспекти од една ситуација и да резонира за можната манипулација или пристрасност.

Влијаење врз перцепцијата на локалното население во поглед на веродостојноста и квалитетот на информациите и медиумите, преку мултимедијален и повеќе-методен пристап, преку хумористични скечеви, краток филм, мокуметарни видеа, вебинар и

Употреба на различни видови медиуми, кои имаат силни присуства и на социјалните мрежи, со цел поголема застапеност и допирање до што поголем број од населението и до различни демографски и културолошки групи;

Развивање процес на постојана љубопитност кај населението во поглед на анализирање на различните аспекти на ситуацијата/веста;

Вклучување на локалното население во проекти од областа на медиумите, нешто што воопшто не се случува во овој регион.

Целна/и група/и  Проектот ги покрива сите демографски групи преку различните медиумски партнери и стилот на обработка.
Плански регион Југоисточен регион
Локации Гевгелија, а ги опфаќа Струмица и Валандово.
Главни активности – 4 комични видеа, презентирани од локален, популарен комичар, со голема регионална база на следачи, со цел да се допре до што поразновидна демографија, кој преку хумор ќе обработува секојдневни медиумски ситуации, во согласност со целите на проектот, по строго зададени параметри; – 4 мокументарни додадоци – коментари на секое од комичните видеа, со сериозен пристап, дообјаснување во камера за точната лекција и цел на видеото.

– Изработка на краток, аматерски, средношколски филм, кој ќе обработува главен заплет – ситуација, која во фиктивен медиум во филмот ќе биде поинаку презентирана, со цел да се разбуди емпатиско разбирање за неправедно и неправилно одработените вести.

– Онлајн вебинар, на кој ќе може да се приклучи секој, со предавач од News Literacy Institute од Познањ, Полска или Stony Brook University School of Journalism од Њу Јорк, кој е и основач и спроведувач на оваа светски застапена школа. – Презентирање на корисни интернет алатки за проверка на факти и податоци, кои функционираат низ цел свет.

Буџет 6201 евра