Биди и ти МИП генерација

Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ беше поддржано спроведувањето на проектот „Биди и ти МИП генерација“ од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ.

Име на проектот  Биди и ти МИП генерација
Грантист  Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ
Медиумски партнер
Цели на проектот Општа цел на проектот: Медиумски писмена младина од полошкиот регион

Специфична цел 1: Подобрување на вештините на млади луѓе и образовниот сектор од полошкиот регион за медиумска писменост;

Специфична цел 2: Активна вклученост на младите од полошкиот регион во подготовка на медиумски читливи содржини согласно интересите на младите;

Специфична цел 3: Подигнување на свеста на пошироката јавност за медиумска писменост за активно учество и делување во демократските процеси.

Целна/и група/и  Млади од средните локални училишта, локални медиуми, образовен кадар, пошироката јавност
Плански регион  Полошки регион
Локации  Општина Гостивар
Главни активности А.1. Консултативни средби со училиштата за воведување на активности поврзани со МИП

А2: Работилница со образовниот кадар од проектните училишта за подобрување на вештините за медиумска писменост

А.3. Работилници со младите од проектните училишта за подобрување на критичкото разбирање на медиумските содржини

А.4. Менторски работни средби со учениците + посетa на локални медиуми

А.5. Продукција на ТВ спот со едукативно-информативен карактер „Зошто е важна медиумската писменост?“

А.6. Промотивно пано/банер со текстови изработени од младите

А.7. Завршна дебата – Младите за медиумите – медиумите за младите

Буџет