Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ од 6950 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Погледни уште еднаш“ од Здружение на граѓани КОНТРАПУНКТ – Скопје.
Име на проектот | Погледни уште еднаш |
Грантист | Здружение на граѓани КОНТРАПУНКТ Скопје |
Медиумски партнер | |
Цели на проектот | Да се зголемат вештините за критичко мислење кај граѓаните и да се потенцира сферата на културата како фактор за медиумска писменост.
1.Спроведување мултимедијална забавно-едукативна кампања на социјалните мрежи со која ќе се допре до широка публика 2.Креирање база на текстови за медиумска писменост и критичко мислење кои ќе бидат едукативно-информативен онлајн ресурс за граѓаните 3. Истакнување на културата како важен фактор за медиумска писменост и критичко размислување и нивна дискусија во полето на културното новинарство. 4.Развој на нов, креативен пристап за едукација и ангажирање на публиката околу темата медиумска писменост со кој ќе се допре до широка публика |
Целна/и група/и | Граѓани, активисти, културни работници, медиумски работници |
Плански регион | Скопски регион |
Локации | Скопје |
Главни активности | А.1.Креирање и дистрибуција на визуелни содржини (гифови -тоа се куси-куси анимации, слики во движење) и текстуални содржини на тема критичко мислење и медиумска писменост.
А.2.Онлајн мултимедијална забавно-едукативна кампања за широката публика А.2.Настан:дискусија околу критиката како алатка за медиумско описменување А.3.Настан:дискусија околу медиумската писменост во сферата на културното новинарство, придружен со проекција-изложба на визуелните производи |
Буџет | 6950 евра |