Проверка на информации и идентитети на интернет

Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ од 6969 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „ Проверка на информации и идентитети на интернет “ од Здружение на граѓани Младинска Филмска Продукција КриејтивЕјт Скопје.

Име на проектот Проверка на информации и идентитети на интернет
Грантист Здружение на граѓани Младинска Филмска Продукција КриејтивЕјт Скопје
Медиумски партнер
Цели на проектот Овој проект има за цел да придонесе кон зголемување на колективното знаење и вештини за проверка на информации и идентитети на интернет со што ќе придонесе за зголемена медиумска писменост на граѓаните и отпорност кон дезинформации.
Целна/и група/и 
  • Широка јавност
  • Новинари
Плански регион  Скопски регион
Локации  Скопје и градови од други региони
Главни активности А.1. Истражување и изготвување на план и проценка на постоечки алатки за проценка на дезинформаци

А.2. Дефинирање на 10 алатки кои ќе бидат презентирани преку интернет видеа

А.3. Подготовка на сценарио за видео за презентација и водич за користење на секоја алатка

А.4. Подготовка на план за снимање за секое видео

А.5. Видео продукција

А.6. Дизајнирање на наменска интернет страница

А.7. Подготовка на план за интернет презентација и дистрибуција на видеата

А.8. Интернет дистрибуција и промоција на видеата на порталот ПИНА и социјални мрежи

А.9. Презентација на видеата на Истражувачки филмски фестивал Скопје- ИФФС

А.10. Презентација на видеата во други региони

Буџет 6969 евра