Медиумско описменување за критичен младински став

Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ од 6720 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“ од Центар за аудиовизуелни уметности.

Име на проектот   Медиумско описменување за критичен  младински став
Грантист   Здружение Центар за аудиовизуелни уметности
Медиумски партнер
Цели на проектот Медиумска едукација на децата од основното образование  за формирање на критички став  и позитивни општествени промени

Специфични цели:

1.Јакнење на свеста кај младите за препознавање и селекција на медиумски пораки преку интерактивна едукација

2.Стекнување на вештини кај младите за  изработка на информативни и едукативни содржини за медиумска и информациска писменост и нивна дистрибуција преку медиумите и социјалните мрежи

3.Градење на капацитети за граѓански активизам на младите и нивен придонес кон заложбите за одговорни медиуми и транспарентна и одговорна локална власт

Целна/и група/и  Околу 80 млади од 9-то одделение од основните училишта во Крива Паланка, Кратово и Ранковце
Плански регион Североисточен регион
Локации Крива Паланка, Кратово и Ранковце
Главни активности А.1 Интерактивни  работилници за медиумска писменост со практични вежби за изработка на вест, препознавање на лажни информации, манипулации, дезинформации, пропаганда,говор на омраза и сл.(по една целодневна работилница во 4-те основни училишта од 3-те општини)

А.2.Едукативни работилници за заштита на малолетниците од непримерни содржини, злоупотреба на лични податоци и  нивна сигурност на интернет мрежите.(по една работилница во 4-те основни училишта од 3-те општини)

А.3.Изработка на едукативен серијал  од 10 медиа продукти за медиумска писменост , кој ќе биде објавен на регионалниот веб портал Aберџија,на веб страниците на основните училишта, you tube каналот на проектот и на социјалните мрежи.

А.4. Изработка на 10 кратки видео пораки и нивна дистрибуција во медиуми и на социјалните мрежи

А.5.Спроведување на 4 младински акции со кои се промовира граѓански активизам за медиумска писменост

А.6. Креирање на you tube канал на проектот за медиумска писменост( на каналот ќе бидат објавувани сите проектни продукти)

А.7.Промотивни активности (почетна и завршна прес конференција и промоција на сите проектни активности)

Буџет  6720 евра