Развој на медиумска култура кај Ромите за локални промени

Шемата за мали грантови на проектот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и ЕВРОТИНК, има за цел да им овозможи на локалните граѓански организации кои работат на основно, „грасрут“ ниво (анг. local grassroots civil society organizations), во партнерство со медиумите (локални или национални), да допрат до релевантните засегнати страни, и да им помогнат да се справат со нивните автентични перспективи.Во рамките на вториот циклус од шемата за мали грантови со финансиска поддршка на ЕУ од 6340 евра беше поддржано спроведувањето на проектот „ Развој на медиумска култура кај Ромите за локални промени “ од Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес.

Име на проектот Развој на медиумска култура кај Ромите за локални промени
Грантист Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес
Медиумски партнер
Цели на проектот
  • Зголемување на нивото на медиумска писменост и критичка мисла кај младите Роми
  • Подигнување на свеста за правилно користење на медиумските алатки за справување со локални предизвици
  • Поттикнување на медиумска култура за актуелизирање на Ромските проблеми и потреби на локално ниво
Целна/и група/и   Млади Роми (15-25 години)
Плански регион  Скопски регион
Локации  Општина Шуто Оризари
Главни активности  А.1. Дебатен медиумски турнир за млади Роми

А.2. ТВ Форуми на 24вакти

А.3. Онлајн страна – Ѕид на медиумскиот срам

А.4. Обука за медиумски вештини и писменост кај младите Роми

А.5. Е-списание Рома Инфо

Буџет  6340 евра