Со гласини не можат да се направат вести

 

Постои многу јасна поделба помеѓу содржината и структурата на вестa и коментарот, од друга страна. Постојат неколку критериуми што треба да ги исполни веста за да се смета за „достојна“ за јавноста. Коментарот, од друга страна, е лична проценка на авторот и сè што е напишано во него е субјективно.

 

 

Линк до оригиналниот напис: По Груевски, еден албански политичар ќе побегне во Турција

Датум на објавување: 12.2.2019

Датум на рецензија: 26.2.2019

Рецензент: Фатлуме Дервиши

 

 

 

 

Гласини, но не и вест

Насловот на текстот содржи известување, предупредување дека во него има име, истражување и откритие. Секако, ова побудува интерес кај читателите за да видат за кого станува збор, кој ќе побегне, како ќе побегне, како авторот дошол до оваа информација итн.

„Се вели дека на албанскиот политичар кој ’му служел‘ на народот крадејќи, иднината ќе му биде во Ердогановиот Истанбул, Турција, дознава ТС. Не е познато дали неговиот пат ќе биде полесен од тој на Никола или, пак, ќе биде јавно бегство, но јасно е дека веќе земјата почна да не ги толерира измамниците“ – пишува во веста.

Ова е сѐ што авторот му понудил на читателот. Бомбастичен наслов, со текст што реално не дава никакви сериозни и веродостојни информации.

Етички кодекс на новинарите

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е можно.

Целиот текст е коментар, нема ништо од фактите, ништо од изворите, ништо од сведочењата, едноставно, само коментар. Авторот зборува за крајот на измамниците, за игнорирањето на корумпираните функционери и за надежта дека сите тие ќе заминат (што подразбира да побегнат), за да може народот полесно да дише и да живее спокојно. Ова не е известувачка реторика.

Забелешки за читателите

Текстот го споделиле и други портали, но во многу од нив на крајот пишува „Ова е рубриката гласини, која не е базирана на докази и изјави.“ За да биде коректен кон читателите, ова требаше да го направи и медиумиот, чиј текст го рецензираме. Читателите треба да знаат дека станува збор за гласини и оти нема докази за тоа што го пишува авторот. За овие споделувања потребно е да име посебна категорија на веб-страницата на медиумот.