Месец: м.г

Тoп-5 дезинформации за СЈО во 2018

Од формирањето до денеска, Специјалното јавно обвинителство го следат купишта лажни вести, манипулации, дезинформации. Особено трите обвинителки, кои ги водеа прес конференциите во кои се најавуваа истрагите и обвинителните акти, на кои работеше ова обвинителство, беа постојана мета на обиди за лична дискредитација со написи чија цел е нарушување на нивниот углед

EUvsDisinfo: Главни трендови во дезинформирањето за 2018 г. се пропаганда против Украина, НАТО и ширење смут за вакцинирањето

Кампањата на Европската Унија против дезинформации (EUvsDisinfo) објави преглед на главните трендови од областа на дезинформирањето за 2018 година, поврзувајќи го ширењето лаги на сè поширок опсег на прашања со активноста на руските тролови и медиуми. Благодарение на притисокот што владите од западните земји врз големите компании за информатичка технологија, […]

Топ-5 дезинформации за референдумот од 30 септември

Од самиот почеток на најавата за референдум, па до неговото одржување, во јавноста проструија многу информации за тоа од каков тип ќе биде, кој ќе го поддржи, кој ќе го бојкотира, дали цензусот ќе се намали и слично. На социјалните мрежи и во медиумите, особено електронските, почнаа да се објавуваат многу лажни вести и дезинформации

Топ-5 дезинформации за преспанскиот договор

Договорот со кој Македонија и Грција ставаат крај на дводеценискиот спор околу името го поздравија многу светски лидери, а во Македонија јавноста се подели. Некои го поддржуваат, некои остро се спротивставуваат. Тоа беше и причина за ширење на разни дезинформации за Договорот, кои министерот за надворешни работи, Никола Димитров, сметаше за неоходно да ги демантира на посебна прес-конференција

Недозволиво „касапење“ и на новинарските и на основните морални стандарди

Шокантниот наслов на овој напис е главниот елемент за рецензирање, бидејќи, за разлика од самиот текст, тој е потпалувачки, односно освен што ја носи етикетата на сензационализам, исто така претставува обид за ширење етничка омраза. Сето ова води кон јасно прекршување на Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, но и на основните морални стандарди