Прашања и одговори поврзани со вториот повик за поддршка на локални граѓански организации во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”

Во рамки на вториот циклус на програмата за мали грантови на КриТинк предвидени се 10 информативни сесии во 8 плански региони.

Прашања и одговори поврзани со вториот повик за поддршка на локални граѓански организации во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”

Рок за поднесување: 15 јули 2019 г.

 

  1. Во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”, ве молиме да нѐ информирате дали, покрај граѓанските асоцијации, на повикот може да се пријават и аплицираат и медиумите.
  • На повикот во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк”, како носител на проектот, задолжително треба да биде граѓанска организација, која МОРА за партнер да има медиум. Медиумот НЕ МОЖЕ да биде апликант, т.е. носител на проектот.

 

  1. Поврзано со вашиот повик Барање за апликации – Грантови за граѓански организации во рамките на проектот „КриТинк’, би сакале да поставиме прашање и тоа за делот на дополнителните прилози, т.е. информации за партнерите, писмо за поддршка, дали имате урнек што го користите или да направиме по наш урнек.
  • Во рамките на повикот и апликационата документација нема задолжителен урнек на писмо за поддршка, кој апликантите треба да го користат при подготовката и доставувањето дополнителни прилози кон обврзната поднесена документација.

 

  1. Ме интересира дали ние, како здружение на наставници по физика во основните и средните училишта, универзитетски професори, инженери, студенти на физика од цела Македонија може да аплицираме на повикот. Се разбира, не сме локална граѓанска организација, регистрирани сме во Скопје, но постоиме веќе 70 години. Дали ова е критериум според кој може (или не може) да аплицираме?
  • Повикот е првенствено насочен кон поддршка на партнерства на локални граѓански организации со медиуми, но не исклучува учество на организации што формално не се дефинирани како локални, доколку проектите што ќе ги понудат ги задоволуваат зададените критериуми и се насочени кон задоволување идентификувани потреби на локални заедници, односно се фокусирани на даден плански регион. Во тој поглед учеството на Вашата организација не е однапред ограничено, а доколку Вашата апликација е комплетна и одговара на условите на повикот, добивањето грант зависи од одлуката на Жирито и одобрување од донаторот.