Постојаното бомбардирање со информации ја збуни публиката и нема „филтер” со кој би можело да се разликува што е лажна вест, а што не, и што е претерано или не во насловот на некој напис. Повеќето од текстовите што ги читаме во насловот набрзинка ни даваат сосема поинаква слика за тоа што е напишано, а во самиот текст зборуваат за нешто сосема друго. Но, постојат текстови што шират дезинформации и во насловот и во текстот. Таков е случајот и со овој текст.
Линк до написот: Злоупотреба на владиниот автомобил – носат пиперки за туршија”
Датум на објавување: 6.10.2018
Датум на рецензија: 7.10.2018
Рецензент: Ферикан Илјази
Претпазливо со бомбастични наслови, речиси сите се само сензационализам
Авторот на овој текст првично ја пробал среќата да ги намами читателите со привлечен наслов, за кој знае дека предизвикува интерес кај македонските читатели, кои и претходно имале прилика да видат случаи на злоупотреба на службени автомобили. Пишува „Злоупотреба на владиниот автомобил – носат пиперки за туршија”, и овој наслов ќе ме привлече и мене како новинарка, а и обичниот читател, бидејќи се работи за нашите пари и за примитивен начин на злоупотреба на власта и нејзинитедобра.
Содржината што има оскудни факти те тера да размислуваш двапати
Но, штом го отворате текстот, гледате една нејасна слика од еден автомобил, на кој не може да му се видат јасно дури ни регистарските таблички.
„Продолжува злоупотребата на службените возила од страна на службени лица на различни државни и јавни институции.
Разни граѓани секојдневно известуваат како државните службеници со службени возила го минуваат викендот на албанското крајбрежје и другите балкански туристички места.“
Читајќи го овој дел од текстот, претпоставувам дека станува збор за службен автомобил на Косово, но нема факти за тоа, па затоа и нема да претпоставам, без да бидам сигурна и без да имам конкретни докази или појасна слика на регистарските таблички.
Обид за зголемена читаност, збунувајќи ги читателите од териториите каде што се зборува албанскиот јазик
Факт е дека во неа има пиперки за туршија, но којзнае дека тоа е службен автомобил, со какви докази авторот го поддржува текстот. Не се знае дали навистина станува збор за службено возило, официјален автомобил, ниту дали е од Македонија или од некоја друга земја. Освен тоа, оваа слика е објавена од страна на еден портал од Македонија, што ве тера да мислите дека злоупотребата е направена некаде во Македонија.
Понатаму, авторот го осудил овој феномен, но продолжил да манипулира како да зборува за случај во Македонија, бидејќи текстот го ставил во рубриката Вести, а не одлучил, на пример, да го стави во рубриката Регион.
Етичкиот кодекс на новинарите е јасен во врска со овој случај. Кога ќе се соочиме со такви вести, мораме да ја издвоиме вистината од лагата, веродостојната информација од манипулацијата. На читателот треба да му е јасна веста, како што е и неговото име, без да дозволи место за погрешно толкување.
Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија вели дека:
„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.
Зошто „таквите вести“ не се вести
Кога ќе се соочат со такви вести, читателите треба да ги земат со резерва информациите што се понудени и начинот како се пласирани. Ако еден медиум навистина работи за „доброто“ на народот, треба да понуди факти, а не како во овој случај, некои реченици во врска со некоја слика за која нема поим од каде доаѓа. Кога ќе видите таква вест, без автор, каде што не се кажува кој нашправил злоупотреба и како го направил тоа, вие читатели треба да знаете дека позади тоа не стои новинарство, туку тенденција за сензационализам.