Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home 2018 декември

Monthly Archives: декември 2018

Фотографија стара една година сервирана како Груевски на албанска граница

Фотографијата, која на јавноста ѝ се сервира како ексклузивна и за која се вели дека го покажува од осудениот поранешен премиер Никола Груевски на граничниот премин меѓу Албанија и Црна Гора при неговото бегство за Унгарија, е, всушност, најобичен принтскрин (стоп кадар) од видео клип направен пред речиси една година, на 21 декември 2017 година и нема врска со Груевски на граница

Ако тврдите дека економијата тоне, треба да одговорите зошто

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи „тонењето на економијата“ не може да се доведе во корелација со задолжувањето, кое во текстот се однесува на aукција на државни хартии од вредност. Имено, станува збор за редовна активност на Министерството за финансии, согласно календарот за аукции објавен на нивната веб-страница. Министерството за финансии во однос на оваа aукција на државни хартии од вредност информираше дека запишани се 21,13 милиони евра, а 21,3 милиони евра ќе се вратат по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност и со тоа нето задолженоста на Влчадата по основ на државни хартии од вредност се намалува за 170 илјади евра

Заев и Орбан не можеле да се прават дека не се познаваат затоа што...

Написот тврди дека Заев и Орбан не се сретнале за да разговараат за Груевски на Самитот на шефовите на владите на Централно-европската иницијатива во Загреб „и покрај тоа што седеа на заедничка маса“. Ова е целосна манипулација и невистина. Двајцата премиери не можеле да седат на иста маса ниту да се прават дека не се познаваат од проста причина што унгарсиот премиер Виктор Орбан не ни бил присутен на настанот, а камоли да седи на истата маса со Заев

Не им верувајте на вестите кои ги ставаат сите луѓе во исто кош –...

Овој текст е пример за тоа како артифицијално се дава тежина на еден текст, повикувајќи се на широка маса на луѓе, иако можеби новинарот не се обидел да интервјуира...