Кога авторот нема докази за тоа што го пишува, сè се смета за измислица

Во потрага по кликови и медиумски хаос, се произведуваат сè повеќе вести, кои немаат ниту „В“ од вест. Се пишуваат текстови што се ставаат во категоријата „Вести“ иако немаат ништо информативно. Немаат ниту доверливи извори, референции ниту некое значење и ова, за жал, полека почнува да станува лошо непишано правило во новинарството.

 

Foto schreenshot nga lajmi që recensohet
Скриншот од веста што се рецензира

 

Линк до оригиналниот напис: Се степаа двајца директори „интегративци“, молете се за нивното здравје!

Датум на објавување: 26.3.2019

Датум на рецензија: 31.3.2019

Рецензент: Ферикан Илијази

 

Насловот привлечен, за потоа да се манипулира полесно!

Манипулацијата и обидите да се „намамат“ читателите со празни текстови се забележува уште на самиот наслов.  Се степаа двајца директори „интегративци“, молете се за нивното здравје! Што имплицира овој наслов? Во „превод“ тоа значи дека двајца функционери на ДУИ се степале меѓу себе и се во сериозна здравствена состојба, но во текстот нема ништо што би го потврдило насловот, за да го направи веродостоен.

 

Текстот е напишан како да е продолжение од претходна вест за да се направи настанот поубедлив

Авторот на овој текст се обидел да ја продаде оваа „информација“ како да е настан поврзан со минатото или како честа практика „на тепање на интегративците“ или на други функционери меѓу себе, но притоа не понудил референции или потсетувања кога такви настани се случиле порано за да ја потврди неговата теза со реченицата дека, „По одредена пауза, се вратија инцидентите на политичката сцена во Македонија“.

 

Внимателно со чувствителни текстови од партиски извори – имаат агенда

Авторот на овој текст се обидел да ја направи веста веродостојна, повикувајќи се на партиски извори. Не дека анонимните извори се забранети, но се забранува нивната злоупотреба, а тука е очигледно дека е злоупотребен изразот „партиски извори“. На крајот на краиштата, каква важна вест е ова за наводниот инцидент помеѓу двајца функционери за да се користат партиските извори како референца.
Ако имаше само еден елемент, слика, видео, изјава, можеби веста ќе добиеше тежина или ако беа наведени имињата на функционерите, но вака како што е напишана веста, само со претпоставки и вид на „загатка“, нема никаква вредност.

„Според овие извори, инцидентот се случил во понеделникот, откако двајца сопартијци се степале меѓу себе, од кои еден е директор на локалното претпријатие за шуми, а вториот директор на едно училиште. Овие извори велат дека се работи за директори од редот на ’интегративците‘, не сакајќи да го споменат конкретното име на партијата. Доволно е да се напише дека претепаниот директор е од редовите на ’интегративците‘, и граѓаните на Македонија ќе разберат за кого се работи“, изјавиле за медиумите овие партиски извори. Според нив, тепачката се случила во една  општина каде што наскоро ќе се одржат локални избори. Најлошо поминал директорот на локалното претпријатие за шумарство“пишува во текстот што го рецензираме.

 

За читателите: Кога се работи за точна вест, секогаш постои можност за проверка

Читателите во овој случај имаат врзани раце, бидејќи немаaт како да потврдат дали настанот се случил навистина, но тоа што можат да го направат е да не им обрнат внимание на текстовите што содржат нагаѓања, анонимни извори и кои може да се види дека не се точни. Кога се работи за точна вест, секогаш постои можност за проверка, но кога веста е лажна, се наоѓаат начини таа да се маскира под изразот „анонимни извори“. Затоа, препорака: внимавајте на што го трошите вашето време.