Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите објавуваат повеќе од 100.000 написи месечно во нивна полза

Про-Кремљ медиумите користат обемност за да го засилат впечатокот. Пример: Досега во 2020 година, зборот „русофобија“ или нејзината придавка „русофобична“, се појави во над 30.000 статии објавени на 4.800 веб-страници на руски јазик, се вели во последниот напис на „Еувсдисинфо“.

 

Руските медиуми контролирани од државата имаат тенденција да користат „гласен“ јазик. На 2 октомври, по проблематичните избори и насилиството против мирните демонстранти во Минск, коментатор на „Спутник“ Белорусија рече дека членките на ЕУ се „тоталитарни“ земји што зборуваат „псевдодемократско ѓубре“ и ги применуваат санкциите како „средновековни методи“.

На моменти, преувеличувањето станува бизарно. Минатата година, редовен германски коментатор за „Спутник“ изјави дека сомневањето на Западот во намерите на Москва произлегува од „генетскиот страв“ од Русија. И подоцна, „Спутник“ Италија  предупреди за „нов светски лидер“ кој предвидува „катастрофа за Русија, и не само за [Русија]!“

Која е оваа, злобна глобална сила што се соочува со Кремљ и неговите сојузници? Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон? Џорџ Сорос? Некој отворен критички глас против политиките на Кремљ?

Про-Кремљ медиумите користат обемност за да го засилат впечатокот. Пример: Досега во 2020 година, зборот „русофобија“ или нејзината придавка „русофобична“, се појави во над 30.000 статии објавени на 4.800 веб-страници на руски јазик.

Руската држава инвестира за да достигне публика на глобално ниво. Руската новинска мрежа „Раша тудеј“ (РТ) има шест портали на интернет, а „Спутник“ најмалку 31. Заедно, тие објавуваат повеќе од 100.000 написи месечно, покрај безброј часови на видео и радиопреноси. Една групација веб-страници, како што е „Њус фронт“ , исто така, дистрибуира написи за про-Кремљ теории на заговор и про-Кремљ коментари.

Во септември, студија на Оксфорд за организациското однесување на РТ откри дека целта на ваквите дезинформации е да се создаде политички хаос, особено во Европа. Но, ако хаосот е целта, средството е огромен бран, цунами. Гигантскиот бран обично има струи што даваат насока и форма на потопот, а Кремљ може да го вклучи и исклучи како што бараат политичките околности, се вели во овој напис на „Еувсдисинфо“.