„Eувсдисинфо“: Телевизијата РТ – информативно оружје на Кремљ

 

Телевизијата РТ е основана во 2005 година со една недвосмислена цел – да ја раскаже руската перспективата за светските настани и да ја зајакне позитивната слика за земјата, пишува во последниот напис „Еувсдисинфо“, што го пренесе „Критинк“.

Првичната идеја беше телевизијата да се бори против застарениот поглед на Русија,  врзан за „Комунизмот, снегот и сиромаштијата“.

Маргарита Симонијан, новинарка од репортерскиот тим во Кремљ, која беше назначена за шеф на телевизијата, оваа задача ја поистовети со онаа на разгранокот на руските вооружени сили.

Симонијан ја оддалечи РТ од првичната идеја за прикажување на „Рускиот живот“ пред меѓународната публика. Каналот официјално го смени името од „Русија денес“ во РТ и Симонијан вложи големи напори да го сведе известувањето за руските новини (настани) на минимум, признавајќи дека Русија едноставно никому не му е интересна:

 

Кога почнавме со работа, ние известувавме само за новости во врска со Русија. Меѓутоа, набрзо сфативме дека ова е ќор-сокак. Мал број луѓе што зборуваат англиски јазик би биле заинтересирани да ги следат дневните вести за Русија. Десет илјади? Можеби педесет, а можеби и сто илјади.

Наместо да се обиде да ја разубави сликата за Русија, Симонијан РТ почна со обид да го разобличи надворешниот свет, а особено се сврте кон Западот и неговото прикажување во лошо светло. РТ стана платформа за теории на заговор и шампион во борбата против сè она што е прогресивно.

Маргарита Симонијан е, очигледно, руска патриотка и покрај нејзините студии во САД кои се финансирани од американскиот Стејт департмент. Неодамна, таа нелегално влезе на територијата на Украина и даде изјава на официјалниот твитер-профил на РТ, во која го поддржа рускиот експанзионизам. Симонијан, заедно со нејзиниот сопруг Тигран Кеосајан, присуствуваа на конференција во Доњецк. Конференцијата заврши со изјава во која се повикува руската влада да припои буквално половина од Украина. Меѓутоа, официјален Кремљ се дистанцира од таквите изјави и ги оцени како нејзини „лични видувања“.

Целиот напис може да се прочита во веб- сајтот на „Еувсдисинфо“.