„Фејсбук-вест“ без информација и со омаловажувања!

Кога авторите со своите написи по секоја цена се обидуваат да најдат негативни атрибути на некој функционер, без аргументи и факти, страдаат новинарството и самите читатели. Веста што ја разгледуваме ги крши стандардите за новинарство.

Fotografi nga lajmi që recensohet
Фотографија од веста што се рецензира

Линк до написот: Месото ги обединува Арбен Таравари и Али Ахмети Mishi e bashkon Arben Taravarin me Ali Ahmetin (FOTO)

Датум на објава: 18.9.2019

Датум на рецензија: 24.9.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

 

 

„Фејсбук-вест“ – без информација!

Веќе во насловот се забележува коментарот на авторот што го интригира читателот. Во текстот, во меѓувреме, авторот опишува фотографија и користи навредлив јазик против Таравари. Авторот шеговито и навредливо потсетува на неговите претходни изјави и алудира на средба со некаква позадина. Авторот не го заснова своето пишувања на факти, освен на фотографија што читателите можат да ја најдат насекаде на социјалните мрежи.

„Не е познато дали вечерата со месо е причината за обединувањето меѓу Таравари и Ахмети или некоја друга, но на социјалните мрежи почнаа да се шегуваат со оваа фотографија, прашувајќи дали Таравари би преминал во редовите на ДУИ Кога би било нешто поголемо“ – се вели во текстот.

Кога агол на фотографија се вклопува со тенденцијата!

Текстот е тенденциозен, тој отвора само прашалници, а авторот поставува реторички прашања што создаваат одбивност и воопшто не даваат никакви информации. Авторот намерно или ненамерно не го проверил профилот на лицето на социјалната мрежа за кое го напишал текстот, со што се појаснува зошто присуствувало таму.

Втората гледна точка ја демантира првата!

На својот профил Арбен Таравари сподели фотографија со текст во кој се објаснува тоа што не го објаснил авторот на претходниот текст. Таравари појаснува дека е таму заради неговиот пријател, со што ги отфрла сите алудирања направени од авторот во претходниот текст. Фотографијата е направена на истиот настан, но од друга перспектива.

Фотографијата на Таравари

 

Концепт на манипулација „Повик за доверба“, „Повик во отсуство на спротивни докази“ и „Аргумент против лице“

Авторот покажува афинитет да го натера читателот да верува дека можноста нешто да се случи е доказ оти тоа и ќе се случи. Во овој случај, „месото ги обедини“ се користеше како нешто што навистина се случило.

Потоа, авторот користел манипулација со зборови за да направи да се верува дека нешто е точно, само затоа што има недостаток на докази за спротивното. Во овој случај не наведувајќи ја објавата на Таравари, авторот ја прави својата теорија „веродостојна“.

Авторот ги прекршил и принципите на новинарството со употреба на навредлив и нападен речник против градоначалникот.

Не дозволувајте медиумска манипулација

Има вакви написи што по секоја цена се обидуваат да оцрнат некоја личност. Разликувајте го пристапот на ваквите написи барајќи логичен, а не емотивен аргумент. Не дека потсмевањето, иронијата и сарказмот не се прифаќаат во новинарството, но имаат свој стил и рубрика.
Не дозволувајте некој со една единствена фотографија и индивидуален опис, без верификација и изјави, да ви сервира дезинформација.