Игра „КриТинк квиз“ (CriThink Quiz)

Што е играта „КриТинк квиз“ (CriThink Quiz)?

Играта претставува тест на знаење во различни области, но и натпревар помеѓу тебе и останатите. Но преку играта може и да се учи за работи кои можеби не си ги знаел/а а ти изгледаат интересни. После некој одговор може да има линк преку кој ќе се „отклучи“ ова знаење.

Како се игра?

Едноставно кликни на копчето „Играј!“ и започнуваш со брз квиз со прашања од сите области. Доколку сакаш прашања од некоја област преку копчето „Одбери област“ ја бираш онаа на која што сакаш да се испробаш, или пак ако сакаш играта сама да одлучи за тебе одбери го копчето „Случајна област“. Со среќа (и знаење)!

Што е Турнир?

Турнир е посебен натпревар на кој можеш да учествуваш за да го освоиш трофејот. Затоа следи ги известувањата од играта за секој нареден турнир!

Што е група?

Група е посебна дружина во која може да се зачлениш и да се натпреваруваш. Сакаш да бидеш прв/а меѓу твоте пријатели, креирај посебна група и испробај се. Групата може да ја формираш со испраќање на барање до нашите администратори на овој мејл grupi@crithink.mk. Само внеси го името на групата во насловот на мејлот и испрати. Групата ќе биде активна набрзо после тоа.

Пријави злоупотреба

Доколку забележиш некое име со навредлива содржина пријави го до нашите администратори со допир на знакот (!) до неговото име.