Информативна сесија за повикот за мали грантови во рамките на проектот КриТинк во Битола

dav

Денеска во просториите на ГО Младински културен центар во Битола се одржа втората инфо сесија поврзана со шемата за грантови кои ќе ги доделуваат Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот КриТинк.

dav

Сесијата ја водеа Виолета Глигороска и Горан Лазаров од проектниот тим на КриТинк. Глигороска говореше за проектот кој двете организации го спроведуваат за неговите генерални и специфични цели, времетраењето на проектот како и за планираните активности. Горан Лазаров даде вовед за грантовата шема, повикот за аплицирање роковите критериумите за аплицирање, легитимните активности, времетраењето начинот на финансирање и критериумите за селекција.

Информативниот документ во кој накратко е објаснет проектот и грантовата шема беше дистрибуиран за сите учесници.
На инфо сесијата присуствуваа претставници од локалните граѓански организации како и претставниците од локалните радио, ТВ станици и онлајн медиуми. Тие активно учествуваа во дискусијата која на крајот на средбата најмногу беше исполнета со прашања за објаснување на повикот за аплицирање на шемата за мали грантови за локалните ГО.

Настанот го следеа 25 претставници на локалната цивилна и медиумска заедница од Битола.