Текстот што го рецензираме шири дезинформации во врска со заплената на предмети на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски (Зоки Кичеец). Веста е „пренапумпана“ дека наводно биле запленети „500.000 евра, мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на вода и луксузен пловен објект – глисер ’Бомбapдер‘“. Сепак, според Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, бил запленет само глисерот.
Линк до оригиналниот напис: КИЧЕЕЦ OCTAНА БЕЗ ГЛИСЕРИ, МОТОРИ, ЏИПОВИ: Поради слуачајот Peкет му беше зaпленет и луксузен пловен објект – глисер „Бомбapдер“
Датум и време на објавување: 21.7.2019
Датум на рецензирање: 23.7.2019
Рецензент: Силвана Жежова
По добиен налог од CУдија на претходна пocтапка, МВР во Охрид одзemало, луксузни џипови, чија вредност изнесува околу 500.000 евра, мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на Вода и луксузен пловен објект – глисер „Бомбapдер“
Веста дека второобвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски (Зоки Кичеец), наводно останал без целиот вреден имот „500.000 евра, мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на вода и луксузен пловен објект – глисер ’Бомбapдер‘“, како бомба одекна во медиумите на 21 јули. Медиумите еден од друг преземаа (со исклучоци, се разбира, како Фокус, на пример) за наводната заплена на имот, без да ја проверат информацијата во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Се повикуваа еден на друг, пренесувајќи погрешни информации.
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција стигна демант на пишувањата, во кој се вели дека бил одземен само глисерот.
По налог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до овој момент е запаленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, се вели во демантот на Јавно обвинителство.
Во однос на имотот на второобвинетиот Зоран Милевски, за кој медиумите пишуваа, во текстот што го рецензираме нема доказ дека тој навистина поседува имот во вредност од, како што се тврди, „над 1.000.000 евра“.
Имајќи ја предвид актуелноста на темата за случајот „Рекет“, во медиумите често се изнесуваат различни дезинформации и шпекулации. Држејќи го случајот во центарот на вниманието на јавноста, се пишуваат информации што не се проверени од страна на институциите. Сè што е поврзано со случајот „Рекет“ најдобро е да се провери во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое, од друга страна, преку соопштенија до медиумите и на нивната веб-страница редовно информира за новините во истрагата.