Конференција: Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност

CriThink.mk

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со задоволство Ве информираат дека на 28 јуни 2021 година (понеделник) ќе се одржи конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“.

Настанот ќе се одржи online преку платформата „ZOOM“, при што ќе биде обезбеден симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик.

На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги споделат своите ставови за тековните состојби поврзани со спротивставување на напливот на дезинформации и медиумски манипулации преку иницијативи за развој на медиумската писменост, критичкото мислење, проверката на факти и промоција на новинарската етика и стандардите за добро владеење.

Конференцијата ќе понуди можност да се слушнат уникатни перспективи и да се учествува во енергични дискусии врзани со предизвиците и можностите во и вон дигиталната сфера.

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е финансиски поддржан од Европската Унија, а настанот е поддржан и од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“.

Ве покануваме и Вие да бидете дел од конференцијата. Настанот е отворен за јавноста и Ве охрабруваме да ја споделите информацијата со Вашите партнери и соработници доколку сметате дека темата ќе побуди интерес кај нив.

Агендата на настанот е поместена подолу, а за да учествувате на конференцијата преку Zoom, пополнете го формуларoт за регистрација на крајот на оваа страница. ↓

Регистрираните ученици ќе добијат зум-линк за поврзување по е-пошта пред настанот.

 

Агенда на конференцијата
„Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

Датум: 28 јуни 2021 г. (централноевропско време)

Локација: Онлајн, преку платформата „Зум“. Ќе има и пренос во живо преку „Фејсбук“.

Работни јазици: македонски, албански, англиски

Ќе биде обезбеден симултан превод во рамки на платформата „Зум“, додека на преносот во живо преку „Фејсбук“ ќе биде пренесуван оригиналниот аудио канал на секој говорник.

Време Сесија – теми и говорници
11:00-11:30 Отворање на конференцијата

  • г. Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија
  • г-а Мила Царовска, министерка за образование и наука на Северна Македонија
  • г. Maрјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации, Влада на Северна Македонија
  • г. Арет Демирчи, програмски менаџер за Источна и Југоисточна Европа, Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“
  • г. Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“
11:30-12:30 Сесија бр. 1: Медиумската писменост во формалното и неформалното образование

  • г-а Билјана Петковска, директорка на Мaкедонски институт за медиуми – МИМ
  • г-а Стефани Спировска, претседателка на Младински образовен форум – MOФ
  • г-а Емилија Петреска-Камењарова, помошничка – раководителка на Секторот за програмски работи, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ
  • г-а Анета Андонова, главен уредник на Првиот програмски сервис на МРТ
  • г-а Виолета Глигороска, Фондација „Метаморфозис“ (модераторка)
12:30-13:30 Сесија бр. 2: Критичко мислење наспроти медиумски манипулации и теории на заговор за ковид-19

  • г. Ивајло Цонев, проектен координатор за Северна Македонија и Бугарија, Фондација за слободата „Фридрих Науман“
  • г. Александар Стојановски, административен директор, „Евротинк“
  • г-а Катарина Синадиновска, претседател на УО, Совет за етика во медиумите – СЕММ
  • г. Филип Стојановски, Фондација „Метаморфозис“(модератор)
13:30-14:30 Сесија бр. 3: Одбрана на демократијата од дезинформации

  • г-а Софи Ајерс, Партнерства за интегритет на вести, Европа – „Фејсбук“
  • г. Илија Жупаноски, советник на премиерот за дигитални комуникациина Владата на Северна Македонија
  • г. Владимир Петрески, уредник на „КриТинк“ и „Вистиномер“
  • г-а Елида Зилбеари, уредничка на „КриТинк“ и „Порталб“ (модераторка)
14:30-15:00 Завршна дискусија и заклучоци

 

Формулар за регистрација

Благодариме за пополнувањето на формуларот. Регистрираните учесници ќе добијат зум-линк за поврзување по е-пошта пред настанот. Доколку не сакате да ги оставите Вашите податоци, ќе може да го следите настанот во живо преку Фејсбук-страницата на Критинк.