Мрежата 5G не е инсталирана во Боговиње и нема умирање на птици!

Некои медиуми неодамна почнаа да објавуваат дезинформации за мрежата 5G. Анализирајќи го трендот, гледаме дека истите вести се копирани од дезинформациите што пред извесно време се објавени од други локални и меѓународни медиуми

 

Пишува Фатбарда Цури

Станува збор за видео на кое се гледа антена, кое кај дел од порталите и на социјалните мрежи е придружено со наслов дека „во Боговиње (село во Полошкиот регион), се поставени антени од 5G мрежа“.

Но, како што е соопштено од операторот А1 во одговорот испратен до градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, антените не се наменети за пренесување на мрежата 5G, туку за зајакнување на тековната интернет-мрежа.

„Активностите по оваа основа не се поврзани со вклучување или активирање на мрежата 5G, бидејќи фреквенциите за употреба на 5G услуги сè уште не се распределени од Агенцијата за електронски комуникации“, велат од А1. Истото го потврдија и од Македонски Телеком.

Со ова се докажува дека медиумот манупулирал, бидејќи и внатре во текстот се гледа употребата на концептот на манипулација наречен „селективни факти“. Овој концепт има тенденција да „покаже факти кои зборуваат во прилог на тврдење и во исто време да ги игнорираат фактите што се против истото“. На пример, имаме прикажана антена што е поставена во Боговиње, но функцијата на антената не е прикажана.

После видеото со антената, беше објавено уште едно видео со наслов „Птици пцовисаа од мрежата 5G, велат граѓаните! Видео од селото Синичани, Боговиње“, сакајќи да пренесат информации дека птиците паѓаат од небото откако умираат летајќи. Ова видео е пласирано веднаш по видеото со 5G, а и во ова видео се споменува 5G мрежата, така што јавноста доби впечаток дека птиците умираат како резултат на инсталирањето на мрежата 5G.

Тука имаме присуство на концептот на манипулација наречен „по тоа, значи заради тоа“. Овој концепт појаснет во прирачникот КриТинк, е „тенденција да веруваме дека ако некој настан му претходи на втор, тоа е причина за неговото појавување“. Во нашиот случај, медиумиот се обидувал да и покаже на јавноста дека бидејќи имаме видео со антена, смртта на птиците доаѓа како резултат на мрежата 5G.

Од тука проценуваме дека порталите што ги објавиле овие две виидео стории со такви наслови го прекршиле и Етичкиот кодекс за новинарите, затоа што тие немаат извор на информации и истите не се проверени, што е првото и основното правило во новинарството.

Ваков вид на информации беа пласирани и за други земји , но и таму беше оценето дека станува збор за дезинформација. Работата кај нас стигна до таму што се подигна петиција за забрана на мрежата 5G во Македонија.