Музички фестивал во Париз прикажан како протест против национално обесправување

Видеото во постот што се споделува на Фејсбук е снимка од фестивал на музиката во Париз. Доколку внимателно се погледне видеото, се забележува  името Marc-Olivier Chataignier. Ако пребарате ова име на интернет, ќе видите дека станува збор за независен новинар, кој своите видеа и стории редовно ги објавува на социјалните мрежи. Така, на неговиот профил на Твитер ќе го најдете видеото од наводниот „протест на младите против националното обесправување“. Но, според пишувањето на новинарот, не станува збор за протест, туку за фестивалот на музиката 

 

 

Пост на Фејсбук преку видео ја манипулира и дезинформира јавноста, претставувајќи музички фестивал како протест против „националното обесправување“.

Франција ,Париз

Протестите на национално ниво против обесправување продолжија ноќе, младите не дозволија да бидат разбиени, се вели во објавата под видеото.

На видеото се гледа толпа млади луѓе како скокаат и извикуваат нешто. За што, всушност, станува збор?

Нашата проверка покажа дека се работи за фестивал на музиката во Париз, (fete de la musique) кој традиционално на 21 јуни се одржува во Франција во последните 38 години. За првпат се одржал во 1982 година и бил прифател од соседните земји каде што е исто толку успешен. Музиката ги зафаќа улиците на градот, со живи свирки, пејачи, аматерски музичари, тапани, диџеи и слично, расфрлани низ градот, изразувајќи се преку музика и повикувајќи ја толпата да ужива.

Видеото во постот е снимка токму од овој фестивал. Доколку внимателно го погледнете видеото, ќе забележите потпишано име на него, Marc-Olivier Chataignier. Доколку го пребарате ова име на интернет, ќе видите дека станува збор за независен новинар, кој своите видеа и стории редовно ги објавува на социјалните мрежи. Така, на неговиот профил на Твитер ќе го најдете видеото од наводниот „протест на младите против националното обесправување“. Но, според пишувањето на новинарот, не станува збор за протест, туку за фестивалот на музиката.

Според ова, може да се заклучи дека постот што е предмет на нашата рецензија ја манипулира јавноста, ширејќи дезинформации. Затоа многу е важно луѓето да не веруваат во сè што им се пласира на социјалните мрежи и пред да поверуваат во нешто добро да се информираат со цел да не бидат доведени во заблуда и да шират дезинформации.

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.