Непроверена „ексклузива“ останува да виси во воздух

 

[Рецензија: Заев се заканил со оставка во Берлин]

 

Оваа вест несомнено предизвикува внимание со својот наслов, кој сугерира дека македонскиот прмиер, Зоран Заев, во Берлин за заканил со оставка. Се работи за наводна изјава на Берлинската конференција за Западен Балкан, која се одржа пред велигденските празници под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел и францскиот претседател Емануел Макрон. Заканата била упатена кон високите европски политичари, а се однесувала на нивната одлука да не почнат преговори за влез на Северна Македонија во ЕУ и тоа оваа година.

Линк до оригиналниот напис: Заев се заканил со оставка во Берлин

Датум и време на објавување: 30.4.2019

Датум на рецензирање: 3.5.2019

Рецензент: Љубомир Костовски 

Веста се базира на несигурен извор, а може да предизвика реперкусии, влијаејќи на јавното мислење во еден чувствителен период (претседателските избори влегуваат во вториот круг).

Најинтересена беше средбата на албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон. Таму се случија некои работи кои значително ќе ги менуваат работите понатаму со тоа што ќе се случува на Балканот. Според информациите што ги имаме, Заев рекол дека ако не се отвори патот за преговори, ќе си даде оставкаизјавил новинарот на телевизијата „Клан Косова“.

Веста од оваа телевизија не ја потврди ниту еден друг медиум, како ни претставниците на македонската делегација во Берлин, вклучувајќи го и самиот премиер Заев.

Понатаму, дури и да имало слична изјава, таа може многу лесно да се однесува на закажувањето предвремени парламентарни избори наесен, кое премиерот го спомна и во земјата ако се појават неповолни околности за дејствување на актуелната власт, но, пред сè, заради примена на Пржинскиот процес, кој кај парламентарните избори предвидува постоење на т.н. техничка влада, која би трaела најкусо 60 дена и во која место премиер би постоел привремен вршител на таа функција.

Оттаму, може да се смета дека веста не е проверена, ниту, пак, потврдена во наредните денови.