При оценка на работата на една општина не треба да се претерува со недокажани компарации

ТВ Коха: Општина Желино - предизвик за урбаните општини

Претставувањето на општините како најдобри во однос на другите општини стана традиција на некои медиуми, при што се потпираат на еднострани извори на информации – во само една општина, заобиколувајќи ги податоците за другите општини. Ова предизвикува новинарите да бидат небалансирани и да не им даваат простор на сите страни вклучени во написот. Таква е веста што ја разгледуваме.

ТВ Коха:Општина Желино ги предизвикува другите урбани општини

 

Линк до оригиналниот напис: „ОПШТИНА ЖЕЛИНО ГИ ПРЕДИЗВИКУВА УРБАНИТЕ ОПШТИНИ“ “KOMUNA E ZHELINËS SFIDON KOMUNAT URBANE”

Датум на објава: 20.9.2019

Датум на рецензија: 2.10.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

 

„Општината Желино се чини дека е една од најактивните општини во регионалниот натпревар за да добие важни проекти што овозможуваат подобрување на локалната инфраструктура. Преку својот конкурентен карактер, Општина Желино ги предизвикува урбаните општини, особено со успешното спроведување на проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“, се вели во веста што ја разгледуваме.

Иако проценката може да биде вистинита, за да биде веродостојна, новинарот требало да ја докаже својата проценка „во една од најактивните општини“.

Поточно, новинарот требало да обезбеди информации за:

  • Кои се другите општини што Општина Желино ги предизвикува или со кои е на исто ниво?
  • Кои се најголемите достигнувања на оваа општина?
  • Кои се достигнувањата на другите општини?

Сето тоа го нема, а е спротивно и со Етичкиот кодекс на новинарите.

„Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти“, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.

Дотолку повеќе што аплицирањето за проекти не е натпреварување за прогласување најдобри општини, има и други параметри.

Иако изворот на информации, UNOPS, е цитиран подолу, сепак, е ирелевантен за проценката „една од најактивните општини“. Аплицирањето на проекти може да биде олеснување за управувањето на општините во спроведувањето на проектите, но не може да е параметар за рангирање на општините како најдобри и урбани.

„Од резултатите што ги објави УНОПС, Општина Желино успеа да се пласира во четирите најдобри општини во овој проект. Вкупната вредност на овој проект ќе достигне 140.000 евра, додека 90.000 долари се обезбедени од норвешката амбасада преку УНОПС“, се вели во веста што ја разгледуваме.

За да се прогласат општините како најдобри, тие мора да се мерат по истите параметри или индикатори како и другите општини како, на пример, нивото на транспарентност и одговорност.

Концептот на манипулација: Селективни факти

Со презентирање на податоците само од општината Желино, а не и од другите општини, во однос на кои оваа општина е најдобра, во новинарскиот напис е искористен концептот на манипулација наречен „селективни факти“. Ова е со цел да се пренесат само податоци што ќе го поткрепат насловот и веста.

За читателите: Работата на општините треба да се поздрави, без претерување со непроверени информации!

Работата на една општина треба да се поздрави и вреди да се направи вест кога навистина се реализираат проекти. Но, новинарот секогаш треба да презентира факти, особено ако прави вакви вести споредувајќи ја една општина со другите. Ако се пофали една општина, тоа треба да се направи соодветно со докази и податоци.