Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк – Центар за европски стратегии ги покануваат локалните граѓански организации и медиуми од Источниот плански регион на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.
Информативната сесија ќе се одржи на 17 јуни 2019 г. (понеделник), со почеток во 11 часот, во х. „Оаза“, ул. Тошо Арсов бр. 2, #Штип.
Конкурсот за мали грантови е вториот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е објавен на 31 мај, а ќе биде отворен до 15 јули 2019 година. Во рамките на вториот циклус е предвидено да се доделат 10 гранта, со кои ќе се поддржат проекти од 8-те плански региони во Македонија. Ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 6.000 и 7.000 евра.
Детаљни информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/
Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.
Специфичните цели на проектот се:
– Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
– Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
– Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.
Сите детали за повикот се достапни на следниот линк:
http://crithink.mk/baranje-za-aplikacii-kritink-2/