Фотографија од наводен штрајк на американските пилоти, кои не сакаат да го прскаат со хемикалии народот од небото, во рамки на масовното менување на контролата со луѓето, всушност протестираат за повисоки плати
Појавата на пандемијата со Ковид-19 ја обнови теоријата на „запрашувања од небото“ кое предизвикува масовно нарушување на здравјето на народот. Практично, се јави само мала временска дистанца, по првичната појава на оваа теорија, пред да се најде ново сомневање во здравствените власти ширум планетата, за, овојпат, директно или индиректно да нè потсетат на т.н. „танкер терминатори“, кои, директно или индиректно се виновни и за пандемијата. Поддржувачите на оваа теорија ги има и на улица, кога многумина објаснуваат зошто не сакаат да носат маски на лицето, бидејќи болеста е измислица и дека нам умот ни бил „запрашуван од горе“, но се најчесто сеприсутни на социјалните мрежи.
Примерот кој го изнесуваме „открива сензација“ дека пилоти штрајкуваат, бидејќи биле приморани да станат распрашувачи на небото со хемикалии (хемтрејлс). Раширувачот на оваа информација предизвикува јавувања на други лица, поголем дел од групата на поддржувачи на оваа теорија, но има и такви кои едноставно одмавнуваат со рака и во оваа вест препознаваат лажни факти.
Фотографијата е објавена во многу варијанти, главно од српско јазично подраќје. Некаде е збогатена со разни исповеди, наводно од пилоти (јасно, без каква било можност за идентитет) – на пример тука, каде се тврди дека се работи за „глобален програм на хемиски млазови“ и дека „оваа програма се извршува постојано, во текот на цела година и во секое време “
„Википедија“ овој термин (хемтрејл) го објаснува како една од конспиративните теории на заговор кога обичната физичка појава на кондензација (или оној „ху ефект“ кога човек во ладно гледа како му замрзнува неговото издишување) ја претвора во кошмар. Според оваа теорија, целта на воените власти е ослободување на хемикалијата, која може да биде начин за управување со сончево зрачење, да биде модификација на времето, психолошка манипулација, контрола на човечката популација, биолошко или хемиско војување или тестирање на биолошки или хемиски агенси врз популација и дека патеките на небото што ги оставаат авионите предизвикуваат респираторни заболувања и други здравствени проблеми.
Објавената фотографија како што објаснува Катарина Шубашиќ од „Агенцијата Франс-прес“(АФП), дописништво во Белград, претставува снимка на протести на пилотите за повисоки плати од 2011 година.
Извештај од вистинскиот собир имаме на овој линк , а потекнува од весникот Дејли мејл.
Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.