На 21.06.2021 од 11:00 до 12:00 часот
Во текот на изминатите 36 месеци во рамките на проектот КриТинк, Метаморфозис додели грантови и соработуваше со 17 локални/регионални граѓански организации за спроведување на проекти посветени на медиумската писменост во 8те плански региони на земјата вклучително и градот Скопје. Повеќето од овие проекти за своја целна публика ги имаа младите средношколци и основци. Иако пристапот беше различен, бидејќи некои директно ги вклучуваа младите да работат и да креираат во самото спроведување на проектите, а некои од нив преку видео спотови кои вклучуваа хумор и сатира ги разработуваа темите за медиумската (не)писменост кај нас.
За употребата на хуморот и сатирата како едукативни пристапи во ширењето на медиумската писменост и за искуствата од ваквиот пристап на вебинарот ќе говорат:
Ана Караманди и Бисера Бијелиќ – Стојчевска од граѓанската организација „Ганимед“ од Битола и Лилјана Танчева од „Мултус“ од Гевгелија.
Модератор на вебинарот ќе биде Виолета Глигороска од „Метаморфозис“
Вебинарот ќе одржи на 21.06.2021 од 11:00 до 12:00 часот и ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на КриТинк: https://www.facebook.com/kritink.mk/
Проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк. Проектот е финансиран од Европската Унија.