Ознака: Венко Филипче

Лажните вести не помагаат за сузбивање на епидемијата со морбили

[Рецензија: Епидемија од морбили. Филипче му понудил оставка на Заев, поради големиот број жртви] Насловот на текстот што го рецензираме не нуди доказ за тврдењето што го изнесува, дека наводно министерот за здравство, Венко Филипче, му понудил оставка на премиерот, Зоран Заев, поради епидемијата на мали сипаници. Во написот нема […]

Емотивна приказна злоупотребена за политички цели

[Рецензија: СКАНДАЛ: Државата и Венко Филипче се изигруваат со болно девојче, кое има прекин во дишењето и одбива да го прати во странство]   Текстот што го рецензираме е нецелосен. Тој пренесува емотивна приказна на мајка, која бара помош за своето дете заболено од редок синдром, но написот во новинарска […]

Задоцнето објаснување искористено за креирање лажна вест

Текстот веднаш започнува со прашање и одговор на министерот, без притоа да се даде вовед, за читателите да се информираат дека станува збор за новинарско прашање за неделното интервју на министерот Венко Филипче за Радио Слободна Европа. Ниту пак, написот информира дека Филипче на 10 јануари ја вакцинираше внуката Илина, од каде што произлегува и прашањето во посоченото интервју. Ниту тогаш, а ниту во интервјуто тој не спомнува дека внуката ја вакцинирал со МРП, за сега да глуми, како што се тврди во насловот

Барање заговори по секоја цена

На социјалните медиуми корисниците често знаат произволно да толкуваат официјални вести, информации и фотографии, а притоа не помалку често, од тоа да произлезат лажни вести. Таков е и случајот со објавата на социјалната мрежа „Твитер“, која е предмет на оваа рецензија