На 7.3.2019 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа настанот „Информирај, не манипулирај“, ПР Практичари vs. Новинари. Студентите по новинарство и односи со јавноста учествуваа и испратија порака за фер претседателска кампања преку критички став кон својата професија и нејзината позиција во државата. На настанот говореа и некои од професорите на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Гости на настанот беа студенти, средношколци, новинари и заинтересирани граѓани.
Настанот е со цел заокружување на на проектот „Не биди медиумска мета“ во имплементација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), кој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, а финансиран од Европската Унија.