На 1.3.2019 година, во малата сала во Центарот за култура во Битола беше одржана панел-дискусија за медиумска писменост и критичко размислување во рамките на проектот „Тема за дилема“. Овој проект го реализира Здружението ГАНИМЕД од Битола со медиумскиот партнер ТВ21 и е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, а е финансиран од Европска Унија.
Панелисти на овој настан беа Билјана Бејкова, извршен директор на НВО „Инфо-центар“, Васко Маглешов, новинар во „Макфакс“, и Наташа Чавдаровска и Ана Секуловска, предавачи на претходно завршените работилници во рамките на проектот „Тема за дилема“. Учесниците имаа можност да ги споделат своите ставови и искуства за медиумската писменост и критичкото размислување со повеќе од 100 средношколци од сите битолски општински училишта, кои активно се вклучуваа со свои прашања. Она што најмногу го привлече вниманието кај публиката беше искуството на дискутантите и реалните проблеми со кои се соочуваат во текот на нивната работа. Дискусија предизвикаа социјалните мрежи и лажните вести, а интерес пројави и правото за слобода на говор и изразување.
Овој настан беше отворен со емитување на седумте едукативни видеа за медиумска писменост, во кои протагонисти беа битолските средношколци, а по завршувањето на дискусијта од страна на организаторите беа доделени сертификати за учениците што беа вклучени во сите активности од шестмесечниот проект „Тема за дилема“.
Во прилог линк од целиот настан.