Бесмислен напис – новинарот не објаснува како бил Груевски амнестиран од Заев

Илустрација со скриншот од веста

Бомбастичен наслов, но со беден текст, без структура и нејасен – ова е веста што ја разгледуваме. Во текстот не се знае каде започнува и каде завршува цитатот, кој  и што рекол и како е амнестиран Никола Груевски. Не е познато дали ставовите се на авторот или тој се повикува на изворите. Написите како овој воопшто не спаѓаат во категорија на професионална вест

 

Фотографија од веста што ја рецензираме

Линк до оригинален напис: „Зоран Заев и СДСМ го амнистираа Груевски“   Zoran Zaev dhe LSDM e amnestuan Gruevskin

Датум на објавување: 16.02.2020

Датум на рецензија: 16.02.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Претпоставуваме дека авторот во текстот се осврнал на одобрувањето и последиците од законот за Јавното обвинителство во функционирањето на истражните органи и во судските постапки. Но, предметниот закон авторот не го спомнува ниту еднаш во текстот.

Написот започнува со изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев за продолжување на демократските процеси и одеднаш се спомнува Никола Груевски. Како и зошто, не е разјаснето. Заев е цитиран како изјавува дека Груевски „го прави она што го прави за да преговара за амнестија“, но не се разјаснува што, всушност, е она што Груевски го сторил за амнестија. Откако, завршува цитатот на Заев започнува најзбунувачкиот дел од текстот. Пасусот започнува со наводници што никогаш не се затвораат и со коментари и обвинувања кои не се припишуваат на никого. За зборовите подолу, не се разјаснува кој му ги кажал на новинарот.

„Затоа, Зоран Заев лаже и клевети. ВМРО-ДПМНЕ ниту побарала амнестија, ниту имала причина да побара амнестија. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била на страната на народот и државата. Ова е разлика со криминалецот Заев кој си игра со народот.

Овој пат наоколу, постои опасност цела Македонија да стане жртва на антидржавното однесување на Заев. Тој се обидува да ја задржи целата државна заробена за да може да се ослободи од злосторствата во кои е блокиран до гуша“ и му помогнал на Груевски, пишува во текстот што го рецензираме.

Недовршените реченици и други синтаксички грешки го отежнуваат разбирањето на текстот. Но, дополнително, отсуството на редовната структура на една вест и немање идентификација на изворот, даваат уште повеќе забуна. Ако цитатите се од една страна, изворот требаше да се истакне. Ако тие се коментари на новинарите, тие немаат место во вестите, а уште помалку во користениот формат, не разликувајќи се од фактичкиот дел на веста.

Толкувањето на законот како дополнителен факт

Ако новиот закон за Јавното обвинителство предвидува амнестија на одредени фигури од одговорност за незаконски дејствија, тоа е тежок заклучок за новинарот. Прочитавме бројни експерти и лица од областа кои не извлекоа точен заклучок од содржината на законот. Во овој случај, авторот требаше да цитира некој од нив и да не излезе со таков смел наслов и таков заклучок.

 Техники на манипулација

Засновано на убедување, а не на факти, со цел да се разбудат повеќе емоции кај соговорникот, авторот смета дека Груевски е амнестиран од Заев. Овој метод на манипулација се прави со повикување на емоции, во овој случај, емоции на читателите. Реакциите би биле нормални, сè додека Груевски продолжува да биде обвинет и осуден за незаконски дејствија. Овој метод на манипулација е објаснет во Прирачникот за критичко мислење КриТинк.

За читателите

Фер и објективното информирање може да се постигне само со точни, јасни и проверени вести. Колку повеќе извори се консултирале и цитирале, толку попрофесионални се вестите. Недостигот на изворите, цитатите, линкови и слично, и двосмисленоста што може да ја сретнете при вакви написи, ја прават веста безвредна и ирелевантна. Во оваа вест, авторот им должи на читателите барем да ги прашал релевантните партии, дали со законот за Јавно обвинителство е осигурена амнестијата на Груевски.