Не треба да ги затвораме вратите и прозорците после 23:30 часот

Не е точно дека по 23:30 часот почнувајќи од вчера ќе се дезинфицира со хеликоптер и дека треба да се затворат вратите и прозорците.

Pas orës 23 te mbyllen dyert dhe dritaret, shkak dezinfekimit - fake news
По 23 часот се затвараат вратите и прозорците, заради дезинфекција – fake news

Ова значи дека фотографијата каде оди информацијата по социјалните мрежи деновиве, „по 11:30 часот, улиците ќе бидат дезинфицирани со хеликоптер и дека граѓаните треба да ги затворат вратите и прозорците“, пренесува неточни информации или дезинформација кај јавноста.

На фотографијата, која започна да кружи на социјалните медиуми од 20 март, се велеше и дека уличниот сообраќај ќе биде забранет. И тоа е невистинито.

Иако информациите се невистинити, тие не се правилно напишани. На пример, не се прецизира за кој ден или датум станува збор и за која земја.

Како што може да се види, се подразбира само дека дезинфекцијата се прави за да се спречи ширењето на коронавирусот или COVID 19.

Затоа цениме дека во ситуација кога се води битка со пандемијата на коронавирус, граѓаните треба да бидат внимателни да не бидат плен на инфодемија – што подразбира информирање од непроверени извори. Со непроверени извори е и фотографијата – веста што ја разгледуваме.

Потсетете се дека потврдена информација е онаа што ја даваат Министерството за здравство, Владата, Светската здравствена организација, Министерството за внатрешни работи, Институтот за јавно здравје и соодветните општини (во случај информациите да бидат упатени до жители на општина или град).

И покрај тоа што информацијата не е проширена од страна на медиумите, треба да запомните дека и вие како граѓани имате морална одговорност за време на информирање за пандемијата на коронавирус.

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдени информации од оваа област.