Избегнувајте непроверени информации за болеста Covid-19 и за корона вирусот

Илустрација со скриншот од веста

Во време кога граѓаните и целиот свет е во треската на пандемијата Covid-19, написите што предизвикуваат уште поголем страв, не се етички. Напротив, новинарите и медиумите во овој случај треба да ги сензбилизираат граѓаните и да не станат сојузници во ширењето на стравот и несигурноста. Новинарот нема да го објави секое истражувања што кружи на Интернет, особено кога тоа не е направено од релевантни светски здравствени институции

 

Скриншот од објавената вест
Линк до оригиналниот напис: „Коронавирусот, дали се излекуваат целосно заразените пациенти?“    Koronavirusi, a shërohen plotësisht pacientët e infektuar?
Датум на објавување: 15.03.2020
Датум на рецензија: 18.03.2020
Рецензира: Наиле Даути

 

Главниот проблем со овој напис е што уште со поставувањето на прашањето во насловот, ги алармира граѓаните дека доколку бидат заразени од CoVid-19, тие можеби нема да можат целосно да оздрават. Притоа, тој што го напишал текстот, треба да е свесен дека врши психолошки притисок врз граѓаните, што е надвор од каква било етика. Друг проблем е што наодите дадени во статијата не се реферираат на никого, на ниту една кредибилна здравствена установа, што значи нема факти.

„Целиот свет во моментов е под страв од коронавирусот. Во очекување на вакцина, прашањето што секој го има на ум е дали пациентите заразени со коронавирус ќе бидат целосно излечени. Огромно мнозинство на луѓе со силен имунитет ќе закрепнат брзо и нема да има сериозни проблеми, но состојбата ќе биде стабилна. Тие, исто така, добиваат отпорност на вирусот. Додека кај луѓе кои имаат тешка пневмонија, коронавирусот може да ги оштети белите дробови и, следствено, да ги има следниве последици. Како и да е, рано е да се каже што може да се случи со овие луѓе, но за некои од пациентите кои се излечиле од Сарс, болеста донесе долгорочни ефекти врз здравјето“, се вели во текстот.

Сосема разбирливо е дека луѓето со хронични заболувања и постарите лица се изложени на поголем ризик од овој вирус и тоа постојано го кажуваат релевантните институции, за тие лица да бидат повнимателни. Но, дали тие ќе имаат, ако оздрават, трајни последици, никој не го потврдил ова, барем не ниту една релевантна глобална здравствена установа.

Наведената статија има многу прекршувања на етичкиот кодекс, почнувајќи од фактот дека веста не беше поткрепена со факти, до начинот на кој се известува во дадени ситуации како овој, каде денес се наоѓацелиот  свет. Членот 8 од Кодексот на етика на новинарите предвидува начин на известување во кризни ситуации и избегнување на сензационализам, што во овој случај не е почитувано.

„Начинот на информирање во случај на катастрофи, природни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски процеси треба да биде ослободен од сензационализам“.

Концептите на манипулација според Критинк

Авторот на статијата обрнува внимание на информациите, во овој случај непроверени, кои ги изразуваат емоциите, стравовите, за кои во овој период медиумите мора да бидат многу внимателни кога известуваат.

Манипулацијата со небрежноста на основните податоци доаѓа во израз кога авторот заклучи дека лицата заразени со корона вирус задолжително ќе имаат последици во иднината, што не е докажано. За овие типови манипулација можете повеќе да рочитате во Прирачникот за критичко мислење КриТинк.

 

За читателите

Драги читатели, избегнувајте колку што е можно повеќе непроверени информации за вирусот Ковид-19. Насловите со прашања може да ве направат љубопитни, но тие можат да имаат стресно влијание врз вас без потреба. Вестите без факти не му служат никому и со придонесот да се избегнат тие ќе придонесете за поздраво општество.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со корона вирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.