Бомбастичните наслови не се професионално новинарство

 

Во „борбата“ за кликнувања читателите честопати се „бомбардираат“ со сензационалистички, а понекогаш дури и смешни наслови на текстовите. Всушност, содржината најчесто нуди некои стари информации што досега сте ги прочитале во многу други печатени медиуми. Фактот дека е поставен наслов различен од сите други, што нема никаква врска со текстот, најчесто говори за големата желба на авторот да има што е можно повеќе кликнувања, што најчесто нема врска со професионалното новинарство.

 

Линк до написот: „Фатиме Фетаи фризурата ја менува, занаетот не го заборава, за правда продолжува да се бори“. Fatime Fetai frizurën e ndërron, zanatin nuk e harron, për drejtësi vazhdon të lufton!

Датум на објавување: 25.9.2019

Датум на рецензија: 17.10.2019

Рецензент: Ајнур Бафќари

 

„Иако со поинаков ‘look’ и со помала плата отколку во СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи со ист елан ја продолжува ‘борбата’ за ‘правда’, се вели во текстот.

Кога авторот станува стилист и познавач на туѓи џебови!
Текстот почнува со коментар на надворешниот изглед, за буџетот на обвинителката за кој авторот го напишал текстот, а потоа продолжува со мала доза коментар, но речиси ниту еден не содржи дури и информација од јавен карактер.

Текстот продолжува со судско рочиште одржано на денот на објавувањето на информацијата, а тоа се забележува дури во вториот дел, каде што авторот дури не ни бил на местото на настанот, а се повикува на друг медиум од кој ја проширил информацијата.

Вести што не се читаат, но се множат со брзината на светлината

Друг забележителен елемент е фактот дека првата информација што се објавува од тој што бил најбрз се шири со брзина на светлината. Често се случува текстот да се преземе од одреден електронски медиум, да не се прегледа воопшто и во случај на пропуст од авторот, тој пропуст или правописна грешка се шири на повеќето електронски медиуми, а ниту еден од тие што ја објавуваат не ја исправа.

Кога на читателот сакаш да му понудиш ново, ама не и вистинска информација

Ова, иако намерата била поинаква, важи и за овој текст. Авторот, иако како основна информација има текст што го презел од друг медиум, сакал да биде различен од другите и целиот акцент го ставил на сѐ друго само не на вистинската информација, а тоа е посветеноста и борбата за правда.

Прво го нуди коментарот, потоа информацијата

Во последно време гледаме голем број текстови во кои информацијата е секундарна, бидејќи примарно место зафаќаат коментарот и бомбастичниот наслов, со кој авторот решил да ви го привлече вниманието.

Ваквиот пристап нема никаква врска со информациите што треба да се пренесат. Кога читателот наидува на вакви текстови, фидбекот што го добива е само разочарување и не се постигнува посакуваната цел, па затоа воопшто не успева да биде информиран.

 Му давате кликање, не добивате ништо!

Читатели, еден наслов како овој сигурно би го привлекол вашето внимание за да видите каква е содржината на текстот или да ја дешифрирате пораката што ви е дадена преку насловот. Но брзо сфаќате дека губите време кога ќе разберете дека прво читате коментар, а потоа и информација што можеби сте ја прочитале и во медиумот што ја направил веста. Единствената разлика и тоа што ви го привлекло вниманието е само насловот.