Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Бан Ки-мун никогаш не рекол: „Немојте да се самоукинувате поради Грција“

Пост од 2019 година повторно станува вирален во интернет-просторот на македонски јазик со целосна лага дека поранешниот генерален секретар Бан Ки-мун апелирал до Македонците „да не се самоукинуваат поради Грција“   Пост со фотографија на поранешниот...

Темјанот не штити од корона-вирус и по закон не смее да се користи во...

На фејсбук-страницата „Опуштено“ осамна пост со кој се наведува јавноста дека темјанот штити од вируси, што во услови на пандемија со корона-вирус може да се сфати дека темјанот штити и од ковид 19. Ваквото...

Филмот „Songbird“ е нов, не е направен пред ковид-19 пандемијата

Проектот за филмот беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година

Астероидот Апофис нема да ја удри Земјата и нема да предизвика апокалипса

На официјалната веб-страница на НАСА пишува дека овој астероид е откриен пред 17 години, во јуни 2004 година и дека според нивните пресметки тој на 13 април 2029 најблиску ќе и се приближни на планетата Земја на далечина од приближно 40.000 километри. Оттаму имаат направено и кратко објаснувачко видео на кое се гледа како астероидот ќе и се приближи на Земјата, но нема да ја погоди. Дополнително, истражувачите на НАСА смируваат дека нема астероиди кои се од значителен ризик за удар на Земјата во следните 100 години

Ниту е точно дека вакцината против полио е на Бил Гејтс ниту е точно...

Глобалната имунизација, која се смета за успешна во справување со полио-вирусот, поради спорадични случаи во Африка на појава на парализа кај деца по примањето на двовалентната вакцина по орален пат, е искористена за пренесување...