Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Не запираат теориите на заговор дека нè прскаат со отрови од воздух!

Манипулативен пост сее паника дека од небото се фрлаат некакви биолошки или хемиски отровни агенси, а главниот доказ за тоа се трагите кои зад себе ги оставаат авионите! Позната теорија на заговор, која во...

Заев не рече дека Србија е виновна што нема вакцини

Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири невистини дека премиерот Заев рекол: „Не сум крив што нема вакцини, виновна е Србија“. Но, наспроти ваквите наводи, во целосната изјава на Заев воопшто нема вакво или било какво друго обвинување. Напротив, тој кажува дека српските власти сакаат што поскоро да ја направат донацијата, дури упатува и пофални зборови кон нив

Вакцината на Фајзер дојде во Македонија во пакет, ама според протокол

Поради погрешното толкување на тоа како се чуваат вакцините според протоколот пропишан од производителот Фајзер, погрешно е претставен и контекстот во постот  што го рецензираме. На граничниот премин Табановце, вакцините пристигнаа во комбе од Институтот за вирусологија вакцини и серуми Торлак од Србија, каде што фајзеровата вакцина се чува на минус 70 степени

Вакцините што пристигнаа од Србија се чувани соодветно со запазување на студениот синџир од...

Да се тврди во постот дека вакцините се отворени на несоодветен начин, додека надвор врне, без да бидат на температура на минус 70 степени, е манипулативно тврдење кое има за цел да ја намали довербата на јавноста во ефикасноста на вакцините, иако за тоа нема основа. Постот го оценуваме како невистинит. Неточно е и дека вакцините биле оставени на каллив плочник, поради тоа што тие се спакувани изолирани и не се во контакт со надворешноста.

Осуден „доктор“ лажно тврди дека корона вирусот е измислена опасност за да не чипувале...

Човек кој е осуден за измама во Србија, кој се претставува за доктор по кинеска медицина, а нема доказ за тоа, говори околу половина час за теории на заговор околу корона вирусот, чија крајна...