Фан-страниците на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да бидат онлајн-канали кои функционираат како „нерешени“ во регулативата и законите на нашата држава, но тоа не значи дека тие го имаат луксузот да објавуваат дезинформации што можат да ги охрабрат граѓаните да носат погрешни одлуки или и да извршат, евентуално, прекршочни или кривични дела. Ова, впрочем е неприфатливо и со политиките и правилата на самиот „Фејсбук“
Датум на објавување: 15.5.2020
Датум на рецензија: 16.5.2020
Рецензира: Фатбарда Цури
Текст од фотографија: По карантинот на народот ќе му треба психолог… со закон карантинот треба да трае 30 дена… кај нас трае веќе 2 месеци… Дали мислите дека оваа манипулација треба да се запре ??? Или нека напише некој дека има некое заболено лице во семејството или нека се објави некое видео да не увери дека вирусот постои… Поздрав…
… овде зборува народот а не законот… Сме за Стоп за карантинот… Лајк кој мисли вака (граѓанин)
Вака постапи и фан-страницата „Сакаме чист Чаир“, која преку пишувањата на граѓаните повика на протест во време на вонредна состојба. Повикот за протест беше направен со објавување непроверени информации, како што е случајот со тврдењето во кое се вели дека карантинот трае два месецa.
„Според законот, карантинот треба да трае 30 дена, кај нас тоа трае веќе 2 месеци. Дали мислите ли дека оваа манипулација треба да се запре???“, се вели, меѓу другото, во информацијата објавена на фан-странicата на „Сакаме чист Чаир “.
Дека карантинот треба да трае 30 дена е дезинформација, затоа што ако го погледнеме неговото значење, таа е „заштитна мерка преземена за да се спречи ширењето на епидемиски заболувања, чување на болните луѓе на едно место, привремено изолирано од другите“.
Според ова образложение и според мерките што се во сила за превенција од корона-вирусот, само лицата што доаѓале од странство остануваат во карантин две недели, додека граѓаните што не дошле од странство, немале симптоми, не биле во контакт со заразени лица – тие не треба да одат во карантин.
Објавувањето на овој напис предизвика и повици за протест. Иако граѓаните имаат право на протест, сè додека во сила е вонредна состојба – ова право може да биде забрането, согласно Уставот.
„Граѓаните имаат право да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно известување и без посебна дозвола. Остварувањето на ова право може да биде ограничено во услови на вонредна состојба и криза“, предвидува Уставот, во Член 21.
Повиците за протести дојдоа по одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба, за што Уставот не прецизира колку пати може да се продолжува. Оваа одлука граѓаните ја толкуваа како обид да се продолжи полицискиот час или да се ограничи движењето. Полицискиот час може да се прогласи во вонредна состојба, но продолжувањето на вонредната состојба не значи автоматски дека полицискиот час ќе биде во сила.
Во меѓувреме, ако ги анализираме политиките на социјалната мрежа „Фејсбук“ за страниците, можеме да видиме два момента кои се спротивставуваат на овој начин на функционирање на „Сакаме чист Чаир“. Едното правило од политиката на „Фејсбук“ вели дека страниците не треба да ги толкуваат погрешно одредени содржини или да ги охрабрат корисниците да интерпретираат одредени социјални појави на тој начин, а друго вели дека луѓето не треба да бидат стимулирани да ја злоупотребуваат политиката на „Фејсбук“ за својата работа.
Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите за епидемијата со корона-вирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.