Во пресрет на парламентарните избори во Грузија во 2020 година, повеќе анонимни страници на „Фејсбук“ беа вклучени во негативна кампања насочена кон валкање на политичките актери.
Овие страници презедоа координирани кампањи против политичките партии и индивидуалните политичари од двете страни на политичкиот спектар – владејачката партија и опозицијата. Главната цел беше да се манипулира со јавното мислење и да се обликуваат негативните чувства кај гласачите. „ДФР Лаб“ ги спореди активностите на две такви мрежи: едната беше насочена кон опозициските партии, а другата беше насочена кон владејачката партија, Грузиски сон.
Сепак, освен официјалните страници, анонимни страници на „Фејсбук“, исто така, работат во полза на политичките партии, но врските помеѓу политичките партии и овие страници не се секогаш јасни. Овие анонимни страници спроведуваат негативна кампања, шират дискредитивна политичкa пропаганда. Анализата на „ДФР Лаб“ покажа дека овие страници станаа поактивни во последниот месец пред изборите. Како и да е, предизвик е да се открие какво влијание имаше валканата политичка кампања на изборот на гласачите.
Предизборниот период во Грузија беше проследен со тешка негативна кампања од анонимни извори. Анализата на ФБ-страниците на антиопозициската и антивладејачката партија покажа дека зголемената поларизација и наелектризираната политичка атмосфера послужија како плодна почва, овие страници брзо да ја зголемат публиката и стапката на ангажман на „Фејсбук“ пред изборите. Повеќе за оваа анализа на „ДФР Лаб“ може да прочитате тука.