Корисниците на „Твитер“ прозваа три акаунти на „Твитер“ кои го минимизираат расизмот против Ерменците во Турција. Профилите се создадени за време на новиот неодамнешен вооружен конфликт во Нагорно Карабах, кој поттикна хипернационалистичка реторика на интернет, а последователно и вознемиреност кај етничките Ерменци во Турција, пишува „Дфр Лаб“.
Но, некои корисници на „Твитер“ упатија сериозни забелешки во врска со овие „Твитер“ акаунти. Сомнителните неавтентични акаунти се идентификувани како етнички Ерменци, кои наводно потекнуваат од Турција, но ја поддржувале турската националистичка реторика.
Иако, овие акаунти, во обид да добијат легитимитет, како свој професионален ангажман прикажуваа академски титули во разни институции, сепак на крајот, нивниот академски идентитет, комбиниран со недостаток на друго присуство на интернет, само предизвика повеќе сомнежи.
Сепак, овие акаунти успеаја да станат вирални и да ја искриват реториката на интернет. Тие им послужија како „малцинство за пример“ на турските националистички весници и коментатори, кои некритички известуваа за нив. „Дфр Лаб“ во својот напис ги анализира поединечно сите овие профили. Повеќе можете да прочитате овде.