ДФР Лаб: Интернет-измамници ги користат рекламите на „Фејсбук“ за изнајмување профили во Украина

Измамници и сомнителни интернет-продавачи ги „бомбардираа“ украинските корисници на „Фејсбук“ со реклами, примамувајќи ги да им ги понудат за изнајмување своите ФБ-профили во замена за пари

 

Сомнителни интернет-продавачи користеа повеќе страници и лични профили на „Фејсбук“ за изнајмување профили на вистински корисници во замена за пари. Обемот и упорноста на напорите укажуваат дека овие услуги се исплатливи, барани и вклучуваат повеќе актери, пишува ДФР Лаб.

Овие луѓе можат да користат изнајмени профили преку интернет за повеќе намени, вклучувајќи „перење реклами“, информативни операции или класични измами. Истражувачите и порано идентификувале слични обиди за изнајмување или купување кориснички профили. Во минатото, овие луѓе нудеа пари, па дури и лаптопи за да ги поттикнат луѓето да ги издаваат своите профили. Правилата на „Фејсбук“ забрануваат измами, а компанијата претходно спроведуваше мерки против ваквите шеми за изнајмување профили, со суспендирање на продавачите и блокирање на изнајмените акаунти.

Како функционира шемата?

За да најдат нови профили за изнајмување, измамниците создаваат повеќе страници со слични имиња, обично вклучувајќи ги зборовите „изнајмување“ или „маркетинг“. Овие страници често имаат само профилна слика и неколку објави. Многу од нив се регистрирани како „места“ во случајни категории, како што се „Салон за убавина“ или „Финансии“. Понекогаш на страниците се наведени цените за изнајмување на профилите, кои се движат од околу 3,50 долари за неделна уплата до повеќе од 71 долар месечно.

Повеќе за ова може да прочитате во ДФР Лаб.