„Дфр Лаб“: За екстремните десничари, настаните во САД беа победа

Тероризмот е спектакл. Како нападите стануваат сè пошокантни и драматични, големината на нивната публика се зголемува. Иако повеќето се преплашени и револтирани од ваквото насилство, мало малцинство станува доволно инспирирано за да планира сопствени напади. Така растат екстремистичките движења. Така се обидуваат да го извиткаат – моделираат, светот според својата волја, пишува „Дфр Лаб“.

Социјалните медиуми драматично ја зголемија ефективноста на спектакуларните терористички акти. Во 2014 година, милитантите на ИСИС ги искористија виралните егзекуции на двајца американски заложници за да им објават војна на Соединетите Држави. Тие беа наградени со експоненцијално зголемување на покриеноста на западните медиуми и со десетици илјади регрути од повеќе од 100 земји. Во 2019 година, екстремист во Нов Зеланд го пренесуваше убиството на 51 муслиман во градот Крајстчрч (Christchurch). Неговите постапки поттикнаа бројни слични напади и глобално оживување на белиот етнонационализам.

Сепак, влијанието на медиумите и симболичната моќ на овие напади заостануваат зад настаните од 6 јануари 2021 година, за време на кои крајно десни екстремисти упаднаа и го окупираа американскиот Капитол, со охрабрување на претседателот Трамп. Неколкумина носеле огнено оружје. Други, наводно, поставиле импровизирани експлозивни направи. За помалку од два часа, тие ја совладаа федералната полиција и го принудија Конгресот да се евакуира. Тоа беше насилна, зачудувачка, незамислива победа, овие слики и видеа го преплавија светот.

Насилното екстремистичко движење инспирирано од настаните од 6 јануари ќе се рангира како еден од најголемите предизвици на претседателството на Бајден. Намалувањето на силата на ова движење ќе бара раздвојување на изолираните, лути приврзаници на Трамп од многу помалото јадро на екстремистите кои сакаат да им нанесат штета на Американците. Ќе биде потребно да се уништи потенцијалот за создавање митови од нападот на 6 јануари и овој настан да се гледа како национален срам. Најмногу од сè, ќе биде потребно соочување со теоретичарите на заговор кои ќе се обидат да го зајакнат екстремно десничарското движење, цврсто решени да ја задржат својата релевантност.

Оваа работа мора да започне веднаш. Влогот и пртходно беше големи, сега е и уште поголем, се вели во едиторијалот на „Дфр Лаб“. Целиот напис може да го прочитате тука.