Про-Кремљ медиумите брзо ја раширија веста дека Рускиот фонд за директни инвестиции успешно аплицирал за одобрување на вакцината Спутник V на пазарот на Европската унија . Истите центри, сепак, беа помалку желни да признаат дека апликацијата е поднесена преку онлајн платформа што Европската агенција за лекови (ЕМА) не ја користи од 2015 година, пишува ДФРЛаб, пренесе Критинк.
Про-Кремљ изворите претходно го засилија негативното известување за вакцините направени во странство, додека од друга страна ја промовираа руската вакцина. Провладините медиуми во Москва, исто така, имплицираа дека причината што ЕУ (освен Унгарија) не изрази интерес за вакцините Спутник V е политичка пристрасност. Наспроти тоа, образложението на ЕУ беше дека е во прашање недостаток на научни докази во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината, бидејќи резултатите од испитувањето во третата фаза не беа достапни дури до 2 февруари 2021 година.
Овој случај покажува како Кремљ се обиде да ја промовира својата вакцина, иако не ги следеше правилно процедурите наметнати од ЕУ.
На 9 февруари, РИА Новости, новинска агенција во сопственост на Кремљ, објави дека РДИФ, кој го финансираше развојот на вакцината Спутник V, поднел барање со цел да добие одобрение за дистрибуција на вакцинат во ЕУ и оти добиле потврда дека апликацијата е примена.
На 10 февруари, ЕМА, здравственото тело во ЕУ кое проверува и препорачува лекови за одобрување на Европската комисија, негираше дека ја добиле апликацијата.
Целиот напис може да го прочитате во порталот на ДФР Лаб тука.