Јутјуберка ја објаснува теоријата на заговор „Кјуанон“

Кика Авеиро, снимка на екранот од видеo-клипот вклучен во веста.

Во нејзиното ново видео јутјуберката Кика Авеиро зборува за теориите на заговор „Кјуанон“, кои потекнуваат од САД.

„Она што не го знаев досега е дека во редовите на подржувачите и верувачите во овие теории на заговор има и доста луѓе од нашата држава“ – вели таа.

Во видеото оваа претставничка на „Генерацијата Зед“ (#GenZ – млади родени по 1995 г.) дава пример на една ваква теорија на заговор од напис за проверка на факти на Вистиномер.

Мета – новинска агенција редовно обработува теми од интерес на младите од оваа генерација во рамки на рубриката Ctrl-Z.

Кика Авеиро е активна и на Инстаграм и Фејсбук.